Разговараме со Никола Атанасоски, алумни студент од академијата за Game Design кој продолжи да ги надоградува своите знаења и вештини како гејм дизајнер во Aeria Canada. Погледнете го целосното интервју!

1.Кој е Никола Атанасоски?

Здраво, јас сум Никола Атанасоски од Скопје, имам 19 години и работам како level designer во Aeria Canada.

2.Од каде се појави вашиот интерес за Game Design и зошто SEDC?

Порано целото слободно време го поминував играјќи видео игри, а желбата креативно да се изразувам ја имам уште од моите најрани години, па кариера во game design индустријата беше идеалната одлука за мене. Академијата на SEDC ја избрав поради нивниот квалитет кој е докажан преку кадрите кои излегле од таму.

3.Каде се вработи и на која позиција?

Моментално работам како game designer, поточно level designer во Aeria Canada, фирма која работи со development и publishing на видео игри за мобилни телефони.

4.Што за тебе претставува да се биде гејм дизајнер и какво е полето на работа?

Да се биде game designer представува шанса за создавање на уникатно искуство кое ќе побуди некакви чувства кај играчот. Game design-от е креативна професија која нуди многу слобода за изразување, а монотонијата е речиси непостоечка. Луѓето кои ги имам запознаено во оваа бранша се дружељубиви, колегијални и секогаш се спремни да ти помогнат на работното место.

5.Порака до останатите студенти

Мојата порака до останатите студенти е да веруваат во себе, секојдневно да работат на усовршување на своите вештини и да се борат за себе, бидејќи со секој изминат ден IT секторот станува покомпетативен.

Креирај ја својата успешна приказна преку академијата за Game Design!

Запознај ги нашите студенти

Успешна приказна – Роза Добринова

Успешна приказна – Роза Добринова

Која е Роза Добринова? Јас сум Добринова Роза, алумни студент од клупите на Qinshift Academy. По успешно завршена академска година добив можност да станам дел од менторскиот тим на Qinshift Academy како асистент на академијата за програмирање и воедно работам како...

Успешна приказна – Славе Ивановски

Успешна приказна – Славе Ивановски

Кој е Славе Ивановски? Јас сум Славе Ивановски, имам 20 години и доаѓам од Скопје. Пред извесно време ја завршив академијата за програмирање во Qinshift Academy и сум моментално студент на ФИНКИ. По завршување на средно образование во гимназијата “Јосип Броз-Тито”,...

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

  Кој е Марко Џамтоски? Јас сум Марко Џамтоски, љубител на фитнес и програмирање, и вистински се стремам кон одржување на здрав начин на живот. За мене, фитнесот не е само место за вежбање - тоа е  активност каде што се предизвикувам физички и ментално, постојано...