Ви го претставуваме Никола Трпевски, алумни студент од академијата за компјутерски мрежи и IT Ops, кој ја започна својата кариера како Network Engineer во компанијата SAGA. Прочитајте повеќе за неговото досегашно искуство и како академијата му помогна во градењето на сопствената кариера.

1.Здраво Никола, кажи ни неколку работи за себе?

Се викам Никола и имам 27 години. За себе би кажал дека сум посветена и goal oriented личност, секогаш спремен за предизвици и секогаш расположен за учење нови работи.

2.Како дојдовте до идеја да ја посетувате академијата за мрежи и IT Ops?

До идејата да ја посетувам академијата за мрежи и IT Ops, дојдов преку желбата да го продлабочам моето знаење во областа на мрежи и Cloud технологии, а дефинитивно СЕДЦ беше една од подобрите одлуки кои ги имам донесено за инвестирање во своето знаење.

3.Како СЕДЦ ви помогна во вашата кариерна трансформација?

СЕДЦ несомнено ми помогна многу во мојата кариерна трансформација и пред се развој. Во моментот имам шанса да ги применам сите алатки и техники кои ги научив во текот на академијата.

4.Каде се вработи и на која позиција?

Моментално сум вработен во компанијата SAGA која е дел од групацијата New Frontier Group на позиција Network Engineer.

5.Бевте асистент на детската академија на СЕДЦ IThink и би сакале да ни кажете нешто за вашето искуство со најмладите студенти

Изминатиот месец имав шанса да бидам асистент на детската академија на СЕДЦ IThink и можам да кажам дека беше многу убаво искуство. Имав шанса да го споделам моето знаење во ИТ областа со најмладите студенти и сум навистина воодушевен од тоа колку децата имаат знаење и колкава желба имаат да научат за ИТ светот.

6.Порака до идните студенти

Пораката која што би сакал да ја упатам до идните студенти е дека инвестирањето во своето знаење може да ви отвори нови патишта, нови можности и нови предизвици. Не се плашете да го направите тој чекор преку кој ќе ви се отворат видиците и ќе ги постигнете целите кои од секогаш сте си ги замислувале.

Креирај ја и ти твојата успешна приказна преку академијата за компјутерски мрежи и IT ops!

 

Запознај ги нашите студенти

Успешна приказна – Роза Добринова

Успешна приказна – Роза Добринова

Која е Роза Добринова? Јас сум Добринова Роза, алумни студент од клупите на Qinshift Academy. По успешно завршена академска година добив можност да станам дел од менторскиот тим на Qinshift Academy како асистент на академијата за програмирање и воедно работам како...

Успешна приказна – Славе Ивановски

Успешна приказна – Славе Ивановски

Кој е Славе Ивановски? Јас сум Славе Ивановски, имам 20 години и доаѓам од Скопје. Пред извесно време ја завршив академијата за програмирање во Qinshift Academy и сум моментално студент на ФИНКИ. По завршување на средно образование во гимназијата “Јосип Броз-Тито”,...

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

  Кој е Марко Џамтоски? Јас сум Марко Џамтоски, љубител на фитнес и програмирање, и вистински се стремам кон одржување на здрав начин на живот. За мене, фитнесот не е само место за вежбање - тоа е  активност каде што се предизвикувам физички и ментално, постојано...