15 June 2021

ОД ИДЕЈА ДО СОПСТВЕНО СТУДИО!

Која е екипата што стои зад Ocean Master?

Никола: Тимот позади Ocean Master се вика FunAttic.
Покрај мене има 2ца поранешни студенти на СЕДЦ како и еден 2Д артист.

Бојан се надополни на Никола и ни изјави дека FunAttic тимот се страсни љубители на игрици кои решиле да направат сопствена игра за мобилни уреди.
Никола е Unity Developer, Бојан и Небојша се Game Design/ Level Design-ери, а Алек е Games Аrtist.

Како дојдовте до идејата да ја направите играта Ocean Master?

Бојан: Првичната идеjа ни беше да направиме интересна мобилна игра која ќе се игра со една рака и каде што играчите ќе се чуствуваат комотни да ја играат на секоја локација без разлика дали патуваат, седат во своите домови или се на прошетка.
Кога го најдовме вистинскиот gameplay за играта, решивме да го сместиме во океански подводен свет кој во тој момент на сите ни недостасуваше поради панедемијата и целиот амбиент се вклопи одлично.

Името на вашата следна игра:

Никола и Бојан: Сеуште ги истражуваме трендовите и немаме одлучено во која насока ќе се насочиме за нашата игра, а обично името на играта само доаѓа на крајот кога ќе се финализира целата идеја.

Омилен дел од креирање игра:

Никола: За мене лично development на Game Mechanics.

Бојан: Целиот процес е воглавно интересен и многу работи зависат една од друга но може да го издвојам GDD документот  како концепт по кој се водиме сите за финализирање на игра.


Никола, д
ел сте од тимот ментори на Aкадемијата за Game Design, која е најбитна лекција која сте ја научиле од вашите студенти?

Дисциплиниран просечен човек секогаш успева повеќе од талентиран одолговлекувач!

Никола, што е тоа што ја издвојува Game Design Академијата на СЕДЦ од останатите?

Game Design Академија на СЕДЦ е единствената која нуди вовед во Game Development и каде што ги учиме студентите да развијат игра без да пишуваат код (со помош на visual scripting).

Бојан, зошто изборот беше Aкадемијата за Game Design во СЕДЦ?

СЕДЦ е единствената Академија во Македонија која во својата програма го опфаќа коплетниот процес на креирање на една игра па затоа изборот и не ни беше тежок.

Бојан, како стекнатото знаење ви помогна во отворањето на вашето студио FunAttic и вашата прва игра?

Стекнатото знаење помогна многу!
Тимот на FunAttic е составен од 3ца членови кои се дирекно вклучени во самата Академија односно 2ца студенти и еден ментор. Одличната комунукација што ја имавме на самите предавања се преточи во идеjа да го креираме студиото. Во создавањето на нашата игра скоро сите чекори ни беа познати пред се поради тоа што во склоп на Академијата веќе имавме создадено 3 демо игри па повеќе време изгубивме околу самата идеја за игра отколку на реализацијата.

Дали е потребно предзнаење пред упис на Aкадемијата?

Никола: Не, само потребен е добар компјутер, сепак е ова гејминг, кој гејма знае.

Бојан: Не е потребно никако предзнаење. Eдинствено што може да се каже како предност е студентот да игра игрици без разлика на нивниот жанр или дали истите ги игра на PC, мобилен уред или некоја конзола, а сите чекори во креирањето на играта се изучуваат во склоп на Академијата која ја водат одлични ментори.

 

За крај, што би им кажале на луѓето кои имаат желба да учат Game Design?

Никола: Game Design & Game Development е обемна индустрија, почетокот може да личи страшен за секого. Дајте си време и ќе доживеете еурека момент по кој никогаш нема да се сомневате во самите себеси.

Бојан: Самата индустрија е огромна, една од најбрзорастечките индустрии во светот а и една од ретките која за време на пандемија доживеа значителен раст.
Секој кој сака да работи во оваа сфера ќе ужива во креирањето на игри и ќе биде добро платен.