Крајот на минатата година го одбележавме со голем настан, наречен Shift Gala, за кој сè уште зборуваме низ нашите ходници. ✨

Shift Gala одбележа три нешта – дипломска забава на повеќе од 600 студенти, нашата успешна соработка со 300 ментори и 100 партнерски компании, како и официјалното ребрендирање на СЕДЦ во Qinshift Academy.

Дипломска забава!

Традиционално, како и секоја друга година го славиме дипломирањето на нашите студенти. Над 600 студенти успешно ги завршија сите учебни модули, реални проекти и испити, со што прераснаа во дипломци, спремни за кариерен напредок.

Овој настан беше само потврда за нивната напорна работа и спремност во својот домен.

Успешна соработка!

Приказната на СЕДЦ не би била целосна без нашите 300 ментори и 100 партнерски компании. Благодарејќи на нашите ментори, кои несебично го пренесуваат своето знаење и неуморно ги следат новите трендови и партнерските компании кои го поддржуваат растот на студентите, создадовме екосистем кој беспрекорно фунцкионира.

Студентите изработуваат реални проекти за потребите на овие компании, а и голем дел од студентите своето прво вработување го имаат токму кај нив.

Ребрендирање!

Иако со скромни почетоци, нашата визија отсекогаш била голема. Па така, после 13 години постоење, 20 000 дипломирани студенти, и соработка со 100 партнерски организации, СЕДЦ се ребрендира во Qinshift Academy. Тоа не е само ново име, туку тестамент за нашата успешна работа.

Qinshift Academy симболизира иновација, промена, нови предизвици и интернационални кариерни можности.

Со Shift Gala се заокружи едно успешно поглавје од нашата приказна, а започнува нова ера која ветува уште повеќе.

Прочитај повеќе

DevSecOps евент

DevSecOps евент

Панел дискусија, во живо, на тема DevSecOps. Два панелисти и пеесет ИТ професионалци го исполнија воздухот со жаргон за кој можевме само да нагаѓаме што значи.Слушнавме за бицепс, девопс, секопс, девсекопс и опссексекдевопс, термини за кои сме сигурни дека играат...

Дени Јованов –  Ментор на DevOps aкадемијата

Дени Јованов – Ментор на DevOps aкадемијата

Кој е Дени Јованов? Јас сум Дени Јованов, IT инженер по вокација и велешанец по локација 😊 . Доаѓам од градот на Кочо Рацин и првата библиотека, фан на светото Ф тројство: фотографија, филм, фудбал, а секако не можам да изоставам музика како и планинарење со кое ја...

Весна Иваноска: Ја завршуваме годината со импозантна бројка од 20.000 студенти

Весна Иваноска: Ја завршуваме годината со импозантна бројка од 20.000 студенти

Интервју на Весна Ивановска за www.mkd.mk. СЕДЦ е водечки тренинг центар во Македонија и регионот, специјализиран за академски програми и обуки во областа на информатичката технологија, дизајнот и бизнис менаџментот што на почетокот на декември се ребрендираше и...