Успешна Приказна- Параскева Дончева

Апр 12, 2023

Запознајте ја Параскева Дончева- алумни студент од академијата за тестирање софтвер која ја започна својата кариера  како QA Engineer во RLDatix и се приклучи кон менторскиот тим на академијата! Прочитајте го целосното интервју!

 

1.Здраво Параскева, накратко претстави се себеси

Здраво, јас сум Параскева Дончева и на мое големо задоволство од неодамна вработена како QA Engineer. Околу петнаесетина години работев како професор по англиски јазик но по природа сум човек кој сака предизвици, учење на нови нешта, особено во сферата на технологијата и ете таа проактивност ме донесе тука каде што сум сега. По темперамент сум прилично енергична и неуморна. Сакам да се дружам и така ги полнам батериите.

 

2.Од каде се појави желбата за се запишеш на академијата за софтвер тестинг ?

Употребата на софтвери за административно извршување на работните обврски беше составен дел од моето секојдневие како професор. Со текот на времето забележав дека изнаоѓањето грешки во функционирањето на истите, како и желбата да предложам како нештата би функционирале подобро со нивна измена, доведе до тоа да посакам да бидам дел од тим чија што задача ќе биде изнаоѓање софтверски решенија со квалитет кој би ги задоволувал барањата на корисниците. За СЕДЦ имав чуено само убави зборови и без двоумење знаев дека следниот чекор ќе биде запишување на академија за софтвер тестинг токму таму.

 

3.Направи промена во својата кариера, какo СЕДЦ ти помогна во овој процес?

СЕДЦ има клучна улога во промената на мојата досегашна кариера. Таму се стекнав со знаења кои беа повеќе од доволни за почеток на работа во софтвер тестинг сферата, а постојаната поддршка и мотивација која што ја добивав од предавачите и асистентите на академијата беа дополнителен поттик за упорност и желба за успех.

 

4.Каде се вработи и на која позиција?

Се вработив на позицијата QA Engineer во RLDatix и чест ми е што моите почетоци и професионален раст се токму во компанија како што е таа.

 

5.Што за вас представува да сте дел од менторскиот тим на академијата за тестирање софтвер?

Да бидам искрена кога ми беше дадена понудата да се приклучам на тимот на СЕДЦ како асистент на една од групите на академијата за мануелно тестирање бев пресреќна. Оваа позиција е на еден начин спој на мојата претходна професија – професор и моменталнава софтвер инженер, бидејќи повторно сум дел од нечие образование, а тоа е нешто кое со години сум го правела.

 

6.Порака до идните студенти

Секој оној кој има доволно посветеност, дисциплина, упорност и ентузијазам, ќе успее во се што ќе замисли и посака. Нека не ви биде пречка комфорт зоната која навидум ви се чини како позитивна страна на она што сега го правите, а всушност е една голема кочница за нови предизвици. Доколку сте човек кој има око за забележување детали, желба за учење на нови работи и технологијата ви е пасија, тогаш Академијата за софтвер тестинг е вистинскиот почеток за вас.

 

Креирај ја и ти својата успешна приказна преку академијата за тестирање софтвер!

Уписите се во тек, следната група започнува во мај!

 

Similar Posts

Од Challenge Day до успешна кариера во СЕДЦ

Од Challenge Day до успешна кариера во СЕДЦ

Разговараме со Живе Апостоловски, студент на академијата за дигитален маркетинг кој преку Challenge Day на академијата за дигитален маркетинг во моментов е дел од нашиот тим. Дознајте повеќе за негово кариерно патување!   Како од Challenge Day до успешна кариера...

Успешна Приказна- Ристо Божинов

Успешна Приказна- Ристо Божинов

Ви го претставуваме Ристе Божинов, алумни студент од академијата за тестирање софтвер, кој работи како QA Automation Engineer во Proton Privacy By Default . Прочитајте повеќе за неговото досегашно искуство и што за него претставува да се биде дел од менторски тим на...

Филип Кировски- Ментор на DevOps академијата

Филип Кировски- Ментор на DevOps академијата

Филип Кировски е ментор на академијата за DevOps, професија за која сите зборуваат поради се поголемата побарувачка на пазарот на труд. Прочитајте го целосното интервју и дознајте повеќе за Филип!   1.Кој е Филип Кировски и како стана дел од менторскиот тим на...