Amazon Web Services

 

Зошто да се сертифицираш?

AWS сертификатите се индустриски сертификати кои го потврдуваат нивото на експертиза на веб услугите на Амазон. Поседувањето сертификат ја зголемува довербата на работодавците во вашите вештини, и можностите за вработување и напредување во кариерата се зголемуваат неколкукратно.

Видови сертификати

Fundamentals

Често поставувани прашања

Дали мора да посетувам обука за да полагам испит?

Не, доколку се чувствувате спремни полагањето може да го закажете без претходно да посетувате обука.

Дали обезбедувате материјали за подготовка на испитите?

Не, како авторизиран тест центар немаме право на дистрибуција на материјали за полагање на испити. Кандидатот сам се снабдува со сите материјали и помошни средства за совладување на материјата.

Кандидатите кои посетуваат обука добиваат официјални материјали за припрема на испитите.

Што треба да носам со себе на денот на полагање?

Кандидатот треба да приложи два валидни документи за идентификација – лична карта и возачка дозвола или пасош.

Дали за време на испитот се дозволени паузи?

Дозволена е кратка пауза (Unscheduled Break), при што времето на испитот продолжува да тече. За време на оваа пауза кандидатот не смее да ја напушти зградата, ниту да има пристап до својот мобилен телефон.

Доколку не го положам испитот, кога може повторно да полагам?

Потребно е да поминат најмалку 14 дена пред повторно да го закажете испитот кој не сте го положиле при првиот обид.

Адреса

11 Октомври 33A, 1000 Скопје

Телефон

+389 (0)2 3097 404 (08:30 – 16:30, пон-пет)

Е-маил

sedc@seavus.com

СЛЕДЕТЕ НЕ