Cisco

Зошто да се сертифицираш?

Cisco е пионер во routing&switching технологиите. Огромен дел од интернет сообраќајот патува преку мрежни патеки изградени со инфраструктурни производи на Cisco.

Сертификатот од Cisco значи дека ќе бидете обучени и сертифицирани да работите на производи на Cisco, а со тоа се отвараат нови видици и можности во вашата ИТ кариера.

Видови сертификати

Associate Certifications

Често поставувани прашања

Дали мора да посетувам обука за да полагам испит?

Не, доколку се чувствувате спремни полагањето може да го закажете без претходно да посетувате обука.

Дали обезбедувате материјали за подготовка на испитите?

Не, како авторизиран тест центар немаме право на дистрибуција на материјали за полагање на испити. Кандидатот сам се снабдува со сите материјали и помошни средства за совладување на материјата.

Кандидатите кои посетуваат обука добиваат официјални материјали за припрема на испитите.

Што треба да носам со себе на денот на полагање?

Кандидатот треба да приложи два валидни документи за идентификација – лична карта и возачка дозвола или пасош.

Дали за време на испитот се дозволени паузи?

Не е препорачливо, но дозволена е кратка пауза (Unscheduled Break), при што времето на испитот продолжува да тече. За време на оваа пауза кандидатот не смее да ја напушти зградата, ниту да има пристап до својот мобилен телефон.

Дали може да се движам низ прашањата, и да ги менувам одговорите?

Не, Cisco не дозволува враќање назад откако прашањето ќе биде еднаш одговорено.

Доколку не го положам испитот, кога може повторно да полагам?

Потребно е да поминат најмалку 5 работни дена пред повторно да го закажете испитот кој не сте го положиле при првиот обид.

Qinshift-academy-logo

Адреса

11 Октомври 33A, 1000 Скопје

Булевар Туристичка 50/5, Охрид 6000

 

Телефон

+389 (0)2 3097 404
(08:30 – 16:30, пон-пет)

+38978 341 777 Охрид

Е-маил

academy@qinshift.com

СЛЕДЕТЕ НÈ