ISQL
Зошто да се сертифицираш?
Софтвер тестерите се една од најбараните професии во моментов. Сертификацијата е развиена од водечки професионалци во областа на тестирањето, а сертификатот кој го добивате директно од ISTQB е меѓународно признат. На тој начин работодавците имаат повеќе доверба во вашите вештини, и можностите за вработување и напредување во кариерата се зголемуваат неколкукратно.
Видови сертификати
→ Погледнете ги сертификациските патеки
Често поставувани прашања
Дали мора да посетувам обука за да полагам испит?
Не, доколку се чувствувате спремни полагањето може да го закажете без претходно да посетувате обука.
Дали обезбедувате материјали за подготовка на испитите?
Не, како авторизиран тест центар немаме право на дистрибуција на материјали за полагање на испити. Кандидатот сам се снабдува со сите материјали и помошни средства за совладување на материјата.
Кандидатите кои посетуваат обука добиваат официјални материјали за припрема на испитите.
Што треба да носам со себе на денот на полагање?
Кандидатот треба да приложи два валидни документи за идентификација – лична карта и возачка дозвола или пасош.
Дали за време на испитот се дозволени паузи?
Дозволена е само кратка пауза (Unscheduled Break), при што времето на испитот продолжува да тече. За време на оваа пауза кандидатот не смее да ја напушти зградата, ниту да има пристап до својот мобилен телефон.
Дали може да користам речник за време на полагањето?
Да, но само доколку е во печатена форма. Електронски уреди не се дозволени. Истиот ќе биде претходно прегледан од тест администраторот. Тест центарот не обезбедува речници, кандидатот треба сам да си го понесе истиот.
Доколку не го положам испитот, кога може повторно да полагам?
Потребно е да поминат најмалку 48 часа пред повторно да го закажете испитот кој не сте го положиле при првиот обид.
Аплицирај на
- Е-маил: larisa.mitikj@qinshift.com
- Телефон: 078 499 133
- Денови: понеделник – петок
- Време: 09:00 – 16:00
Резервирај го своето место
Адреса
11 Октомври 33A, 1000 Скопје
Булевар Туристичка 50/5, Охрид 6000
Телефон
+389 (0)2 3097 404
(08:30 – 16:30, пон-пет)
+38978 341 777 Охрид
Е-маил
academy@qinshift.com
СЛЕДЕТЕ НÈ