Pearson VUE Test Center

Microsoft

Зошто да се сертифицираш?

Знаењето и искуството се битни, но како би го докажале вашето знаење?

Сертификатот кој ќе го добиете директно од Microsoft пред се е доказ за поседување специфични вештини потребни при вработување во IT сферата. Истовремено станувате конкурентни на пазарот, а понатаму се зголемуваат и вашите можности за напредок во кариерата.

Видови сертификати

Вообичаено сертификатите на Microsoft се поделени врз основа на одредена работна позиција, односно се role-based сертификати, и тоа:

→ Погледнете ги сертификациските патеки

Често поставувани прашања

Дали e задолжително да посетувам обука пред полагање на испит?

Не, доколку се чувствувате спремни полагањето може да го закажете без претходно да посетувате обука.

Дали обезбедувате материјали за подготовка на испитите?

Не, како авторизиран тест центар немаме право на дистрибуција на материјали за полагање на испити. Кандидатот сам се снабдува со сите материјали и помошни средства за совладување на материјата.

Кандидатите кои посетуваат обука добиваат официјални материјали за припрема на испитите.

Што треба да носам со себе на денот на полагање?

Кандидатот треба да приложи два валидни документи за идентификација – лична карта и возачка дозвола или пасош.

Дали за време на испитот се дозволени паузи?

Дозволена е само кратка пауза (Unscheduled Break), при што времето на испитот продолжува да тече. За време на оваа пауза кандидатот не смее да ја напушти зградата, ниту да има пристап до својот мобилен телефон.

Доколку не го положам испитот, кога може повторно да полагам?

Потребно е да поминат најмалку 24 часа пред повторно да го закажете испитот кој не сте го положиле при првиот обид. За секој понатамошен обид потребно е да поминат по 14 дена.

Qinshift-academy-logo

Адреса

11 Октомври 33A, 1000 Скопје

Булевар Туристичка 50/5, Охрид 6000

 

Телефон

+389 (0)2 3097 404
(08:30 – 16:30, пон-пет)

+38978 341 777 Охрид

Е-маил

academy@qinshift.com

СЛЕДЕТЕ НÈ