PMP Project Management Professional

Тек на настава

  • Времетраење: 35 часови
  • Почеток: 18-ти ноември
  • Настава: понеделник – петок
  • Време: 15:30- 19:15
  • Попуст: 10% за рана регистрација

Краток преглед

Оваа обука им овозможува на проектните менаџери да стекнат знаење и вештини за да ја совладаат PMBOK® Guide 7-th Edition и да полагаат за Project Management Professional (PMP®) сертификација.

Со содржините опфатени на обуката се покриваат 5 групи на процеси: започнување, планирање, извршување, мониторинг и контрола, и завршување на проектот.

Обуката  нуди детална разработка на секоја од горенаведените 9 области и 5 групи. Преку теориското презентирање на компонентите на проектот, се стекнувате со знаења за различните улоги на стејкхолдерите во проектот, распределување на работните задачи во детален план на работа, буџетирање на активностите и ресурсите, распределба на работните часови на членовите на тимот, следење на реализацијата на проектот, како се комуницира со сите инволвирани во имплементација на проектните задачи и на крај како се врши проверка на квалитетот. Во текот на работилницата, учесниците добиваат проект со кој треба да раководат при што треба да ги применат сите стекнати знаења и методологијата која се изучува во текот на работилницата.

Обуката е развиена според стандардите и најдобрите практики на Институтот за проектен менаџмент (PMI) и според PMBOK® Guide 7-th Edition

Програма

  • Менаџмент на интеграцијата
  • Дефинирање на структурата и обемот на проектот
  • Управување со време и други проектни ограничувања
  • Дефинирање на буџетот и распределба на трошоци
  • Управување со квалитетот
  • Одредување на проектни ресурси и нивна распределба
  • Комуникација со сите стејкхолдери вклучени во проектот
  • Управување со ризици
  • Управување со набавки
Целна група на слушатели

Обуката за проектен менаџмент според PMI методологија е наменета за учесници кои целат кон стекнување и зајакнување на вештини за подобро управување со времето, парите и човечките ресурси, предвидување на  трошоците и ризиците и нивно минимизирање со цел обезбедување максимален квалитет и задоволни  клиенти.

Дали е потребно предзнаење?

Не е потребно.

Информации за тренерот

Обуката  се спроведува од сертифициран PMP тренер со повеќегодишно практично искуство во доменот на управување и работа со голем мултинационални проекти.

Qinshift-academy-logo

Адреса

11 Октомври 33A, 1000 Скопје

Булевар Туристичка 50/5, Охрид 6000

 

Телефон

+389 (0)2 3097 404
(08:30 – 16:30, пон-пет)

+38978 341 777 Охрид

Е-маил

academy@qinshift.com

СЛЕДЕТЕ НÈ