19 May 2022

Придобивки од компјутерското образование кај децата


Со образованието во раното детство не само што се поддржува образовен успех, туку и се градат други вештини кај децата кои се од суштинска важност за учењето и развојот.
Секое дете заслужува да го добие најквалитетното образование, а нашата iThink Академија низ годините ја докажа важноста од ваков тип на едукација за децата, како и забавата и интеракцијата низ проектите и дружењето.

Создавањето на позитивна слика во овој процес е нешто со кое се одликуваме, а тоа е клучно за учениците да се полни со оптимизам за кариерниот развој кој им предстои.

Затоа ви издвоивме 7 карактеристики со кои ќе се стекнат најмалите на Ithink Академијата:

Комуникациски вештини
Работа на проекти во групи, споделување мислења со другите деца на академијата и презентацијата на завршените проекти, дефинитивно ги зајакнува комуникацистите вештини кај децата.

Изразување на креативната мисла
Поради достапноста и работата со нови информации, оваа академија придонесува за развој на погледите на децата од најрана возраст. Се среќаваат со начини за функционирање на компјутери, веб страни и роботика со што отсконуваат во знаењето и размислувањето од останатите деца.

Отворен поглед кон светот
Употребата на компјутери кај децата ја зголемува можноста за креативен раст и начин на изразување. Со тоа компјутерите им овозможуваат на децата од различни возрасни групи да се запознаваат со нови вештини од области кои ги заинтересирале.

Стекнување работна навика
Секојдневното седење на телефон и компјутер е нешто што сите родители знае на момент да ги заинтригира , но доколку тоа време се користи продуктивно, ги учиме децата на стекнување здрави работни навики.

Развивање на критично мислење
Интерактивните игри и задачи поттикнуваат стратешко и критично размислување, што им помага на децата да растат интелектуално. Со тек на времето се покажува дека работата во групи и проекти ја зголемува способноста за внимание кај децата, времето на реакција и капацитетот на идентификување на детали.

Подобри кариерни можности во иднина
Со оглед на тоа што технологијата со молскавична брзина напредува, треба да се погрижиме нашите деца да имаат вештини за да се натпреваруваат во ова ново дигитално време . Секое дете заслужува можност да успее во 21 век. Иаку навидум се сложени, техниките како програмирање и кодирање може да се полесни за децата отколку што мислите. Учењето на компјутерско кодирање во основа е учење на нов јазик.
Размислете вака: ако ги учите граматичките правила на 8 или 9 год , како тоа се разликува од учење на правилата за програмирање, роботика, итн? Кога ќе размислите за тоа, овие вештини се многу пологични од другите јазици . Уште повеќе, децата треба да обрнат посебно внимание на работи како синтакса и правопис, бидејќи ако не го сторат тоа, проектот нема да функционира.

Зголемена самодоверба
Стекнувањето со информатички вештини од најмала возраст придонесува децата да бидат во допир со повеќе информации. Оттука деца што посетуваат ваков тип на едукација ќе имаат поголеми можности , ќе сакаат да учат повеќе и да се натпреваруваат со своето знаење и размислување, што придонесува за стекнување поголема самодоверба.

Обезбедете го најдоброто за вашите деца преку програмата на iThink Академијата.