Ви ја претставуваме Розета Стојанова, уште еден алумни студент од Академијата за 3D Game Desing која својата кариера ја продолжува во Vertigo Visual. Дознајте повеќе за неа и нејзиното искуство со Академијата и патот кон остварување на нејзината цел.

Здраво Розета, накратко опиши се себеси?

Здраво, јас сум Розета Стојанова од Штип, имам 26 години и моментлано работам во Vertigo Visual во Скопје.

Што те привлече да започнеш кариера како Game Designer?

Видео игрите се голем дел од мојот живот уште од детството, и колку повеќе играв толку повеќе сакав да знам за нив, како функционираат, како се прават и кои се луѓето кои стоат позади моите омилени игри. Па кога пораснав одлучив да им се придружам на моите идоли во правењето на видео игри.

Донесе одлука да го прошириш своето знаење, зошто баш Академијта за 3D и Game Design во СЕДЦ?

Изборот за оваа академија беше лесен, бидејќи СЕДЦ е единствената академија која овозможува неверојатна средина за учење. Тоа е место каде било кој може да ја ослободи својата креативна страна со цел да стане одличен Game Developer. Притоа предавањата не се тешки за разбирање или учење.

Што за тебе претставува да работиш во најбрзо растечката индустрија во последните неколку години?

Да се биде дел од оваа индустрија е навистина неверојатно. Постојано сум опкружена со неверојатно креативни и пријателски настроени луѓе со кои формирав пријателства кои знам дека ќе траат долго.

Порака до нашите идни студенти и твои идни колеги?

Како што ми кажа еден пријател пред да се пријавам на оваа академија: Никогаш не е касно да научиш нешто ново и да си го промениш животот.

Доколку и вие сакате да започнете кариера во 3D Game Design, вашето време е сега!
Резервирајте во вашето место уписите за Академијата 3D Game Desing се во тек.

 

Запознај ги нашите студенти

Успешна приказна – Роза Добринова

Успешна приказна – Роза Добринова

Која е Роза Добринова? Јас сум Добринова Роза, алумни студент од клупите на Qinshift Academy. По успешно завршена академска година добив можност да станам дел од менторскиот тим на Qinshift Academy како асистент на академијата за програмирање и воедно работам како...

Успешна приказна – Славе Ивановски

Успешна приказна – Славе Ивановски

Кој е Славе Ивановски? Јас сум Славе Ивановски, имам 20 години и доаѓам од Скопје. Пред извесно време ја завршив академијата за програмирање во Qinshift Academy и сум моментално студент на ФИНКИ. По завршување на средно образование во гимназијата “Јосип Броз-Тито”,...

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

  Кој е Марко Џамтоски? Јас сум Марко Џамтоски, љубител на фитнес и програмирање, и вистински се стремам кон одржување на здрав начин на живот. За мене, фитнесот не е само место за вежбање - тоа е  активност каде што се предизвикувам физички и ментално, постојано...