SCRUM Master

Тек на настава

  • Времетраење: 20 часови
  • Почеток – Крај: 17.10.2022 – 20.10.2022
  • Настава: Секој ден од понеделник до четврток + петок доколу има потреба
  • Време: 16:30 – 20:15

Краток преглед

Agile SCRUM претставува интерактивна и развојна рамка, која се користи за успешно управување со софтверски проекти. Се базира на три едноставни принципи: видлив напредок, постојана контрола и  адаптација.

Со помош на SCRUM техниката, тимовите користат емпириски пристап за справување со променливата околина и приоритетите на компанијата. Со цел добивање на максимална корист за најкраток временски период, SCRUM им дава предност на приоритетите и дефинирањето на временската рамка.

Овој курс ги опфаќа фундаментите на SCRUM, поставувањето на рамката, планирањето и дејствувањето и клучните улоги на тимот.

Програма

  • Теорија и првични принципи (Комплексноста на развојот на софтвер; Предвидливоста на развојот на софтвер; Само-организација; Анализа на случај и вежби)
  • Scrum Рамка (Што е потребно за SCRUM?; Како Scrum е емпириски и итеративен?; Scrum Рамка; Дефиниција на завршено, Анализа на случај и вежби)
  • Планирање и известување (Истражување на одговорноста; Организирање на работата; Стратегија на изданија; Известување за напредок; Анализа на случај и вежби)
  • Луѓе и тимови (Состав на тимот; Однесување на тимот; Конфликти во тимот; Дисперзирани и дистрибуирани тимови; Анализа на случај и вежби)
  • Scrum Мастер (Одговорностите на Scrum Мастерот; Вештините на Scrum Мастерот; Предизвиците на Scrum Мастерот; Анализа на случај и вежби)
Целна група на слушатели

Сите заинтересирани за АГИЛНАТА Рамка, идни SCRUM Мастери, Product Owner-и или членови на SCRUM тимот.

Дали е потребно предзнаење?

Не е потребно посебно предзнаење.

Информации за тренерот

Обуката  се спроведува од сертифицирани SCRUM Тренери со големо искуство во областа.

Адреса

11 Октомври 33A, 1000 Скопје

Телефон

+389 (0)2 3097 404 (08:30 – 16:30, пон-пет)

Е-маил

sedc@seavus.com

СЛЕДЕТЕ НЕ