Македонскиот бренд за едукација Сеавус едукативен и развоен центар од 1 декември стана Qinshift Academy. Академијата ќе ги соедини домашните практики со светските стандарди во ИТ, дигиталните комуникации и дизајнот и ќе нуди уште подобри програми за доусовршување и развој.

Првиот едукативен и развоен центар за ИТ технологии СЕДЦ отсега ќе работи како Qinshift Academy. Ребрендирањето е природен и очекуван чекор во процесот на растење и проширување, примена на глобално искуство и иновации во ИТ образованието и етаблирање како глобален бренд. Со ребрендирањето во Qinshift Academy студентите и партнерите може да го очекуваат препознатливиот квалитет на програмите од кои најголем дел се веќе меѓународно сертифицирани, но исто така и збогатување со нови атрактивни програми и што е најважно глобални можности“, истакна Весна Иваноска, генерален менаџер на Qinshift Academy.

Vesna Ivanovska General manager at Qinshift Academy

Qinshift Academy ќе ја зајакне лидерската позиција на поранешниот СЕДЦ, којшто во текот на 13 години се покажа како беспрекорен во следење на потребите на индустријата, но и во чекор со најновите технолошки трендови. Оваа надградба ќе донесе и раст и проширување на дејноста на компанијата и освојување на нови пазари првенствено во земјите каде Qinshift има свои претставништва.

– Приказната за СЕДЦ започна скромно во 2010 година, но набргу, благодарение на експертизата и искуството во ИТ, создадовме оригинални програми за стекнување квалификации според потребите на пазарот на трудот со над 250 професионаци – ментори вклучени во развојот на истите, со што почнавме да ја остваруваме својата визија за модерно оброзование. Развојот продолжи со двата големи проекти „IТhink-академија“ прва ИТ академија за деца и Сеавус Акцелераторот – Првиот корпоративен технолошки Акцелератор преку кој поддржавме над 50 македонски стартапи. Со отворањето на претставништво во Србија и проширувањето на програмите во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, итн., СЕДЦ стана препознатлив бренд низ целиот Балкан, а со трансформацијата на голем дел од програмите во онлајн продукти кои се реализираат на англиски јазик, станавме достапни и низ цела Европа.

За влијанието, зборува и фактот што низ академиите и обуките организирани од СЕДЦ се едуцирале над 20.000 студенти. Со пристапувањето кон глобалното семејство на Qinshift – моќен глобален технолошки гигант кој денес го чинат повеќе од 3500 професионалци, над 300 клиенти и 28 канцеларии низ светот, Qinshift Academy и официјално се етаблира како глобален бренд“, додава Иваноска.

Станувањето Qinshift Academy е дел од интеграцијата на Сеавус кон Киншифт, глобална технолошка компанија со експертиза во дизајн на софтвер, комплетни корпоративни решенија, UX и UI дизајн, управувани услуги и иновативни понуди за развој на производи.

Прочитај повеќе

Маркетинг стратегија за ДИА

Маркетинг стратегија за ДИА

Во динамичниот свет на дигиталниот маркетинг, практичното искуство зборува погласно од теоретското знаење. Согледувајќи го ова, Академијата за дигитален маркетинг на Qinshift Academy ги спои своите студенти со иновативниот стартап во здравствената технолошка...

DevSecOps евент

DevSecOps евент

Панел дискусија, во живо, на тема DevSecOps. Два панелисти и пеесет ИТ професионалци го исполнија воздухот со жаргон за кој можевме само да нагаѓаме што значи.Слушнавме за бицепс, девопс, секопс, девсекопс и опссексекдевопс, термини за кои сме сигурни дека играат...

Дени Јованов –  Ментор на DevOps aкадемијата

Дени Јованов – Ментор на DevOps aкадемијата

Кој е Дени Јованов? Јас сум Дени Јованов, IT инженер по вокација и велешанец по локација 😊 . Доаѓам од градот на Кочо Рацин и првата библиотека, фан на светото Ф тројство: фотографија, филм, фудбал, а секако не можам да изоставам музика како и планинарење со кое ја...