“The new normal” ги насочи малите и големите бизниси се повеќе да целат кон целосен онлајн service. Овој тренд донесе поголемиот дел од IT гранките во светот да се во голем подем.

Сите информации почнаа да ни стануваат целосно достапни онлајн, затоа фирмите се се повеќе насочени кон инвестирање во изгледот и функционалноста на нивните веб страни. Оваа промена на пазарот за труд го зголеми барањето од UI/UX Дизајнери!

Што е UI

Пред се зборот „UI” претставува „кориснички интерфејс“.
Корисничкиот интерфејс е графички распоред на апликацијата.
Полињата за внесување текст и самиот текстот што го читаат, сликите, и се останато со што корисникот може да има интеракција се копчињата на кои корисниците кликнуваат. Секој вид визуелен елемент, интеракција или анимација мора да биде дизајниран.

Оваа работа им припаѓа на UI Дизајнерите. Тие одлучуваат како ќе изгледа апликацијата или веб страната, тие треба да изберат бои и облици на копчиња, ширината на линиите и фонтовите што се користат за текстот. Во буквална смисла создаваат изглед и чувство на корисничкиот интерфејс на апликацијата или веб страната.

Што е UX

„UX“ претставува „корисничко искуство“.
Искуството на корисникот со апликацијата се одредува според тоа како тие комуницираат со неа. Дали искуството е непречено и интуитивно или незгодно и збунувачко, dали интеракцијата со апликацијата им дава на луѓето чувство дека истата ефикасно функционира или се чувствуваат како да се борат со апликацијата?
UX Дизајнерите ја одредуваат структурата на интерфејсот и функционалноста. Како е организирано и како сите делови се поврзани еден со друг.

Корисничкото искуство се одредува според тоа колку е лесно или тешко да се комуницира со елементите на корисничкиот интерфејс што ги создале UI дизајнерите.

Две професии што работат во хармонија

UX одлучува како функционира корисничкиот интерфејс, додека UI одлучува како изгледа. Ова е многу колаборативен процес и двата дизајнерски тима имаат тенденција тесно да соработуваат заедно. Додека тимот на UX го разработува текот на апликацијата или веб страната, како сите копчиња ве навигираат и како интерфејсот ефикасно ги исполнува информациите за потребите на корисникот, тимот на UI работи на тоа како ќе се појават сите овие елементи на екранот.

Кариера како UI/UX Дизајнер

Иако разбирањето како функционира една апликација или веб страна е корисно за работа како дизајнер на UI/UX, не е потребно да имате познавање од програмирање!
Ова ќе е огромно олеснување за оние кои сакаат да створат IT кариера без да програмираат.

Секаде и секогаш ќе се бараат UI/UX дизајнери.
Ако ги погледнете отворените работни места на LinkedIn, можете да најдете десетици илјади отворени позиции. И секој ден оваа бројка само се зголемува.

UI/UX дизајнерите се од особена важност за IT гиганти како Google, Microsoft, Amazon, Facebook, Apple како и за сите останати компании/организации. Со подемот на IT компаниите во Македонија, ваквите дизајнери се се повеќе потребни.
Со голема слобода може да кажеме дека се и дефицитарни во нашата држава.

Прв чекор до успешна UI/UX кариера

Седц секогаш ги следи најдобрите и најбараните професии за да се создаде кадар кој ќе биде спремен веднаш по едукативните процеси да се впушти во нова кариера.

UX/UI Академијата ги прати светските трендови и е најдобрата можност за во наредните неколку месеци да ја отпочнете својата нова кариера или промените сегашната.

Прочитај повеќе

Маркетинг стратегија за ДИА

Маркетинг стратегија за ДИА

Во динамичниот свет на дигиталниот маркетинг, практичното искуство зборува погласно од теоретското знаење. Согледувајќи го ова, Академијата за дигитален маркетинг на Qinshift Academy ги спои своите студенти со иновативниот стартап во здравствената технолошка...

DevSecOps евент

DevSecOps евент

Панел дискусија, во живо, на тема DevSecOps. Два панелисти и пеесет ИТ професионалци го исполнија воздухот со жаргон за кој можевме само да нагаѓаме што значи.Слушнавме за бицепс, девопс, секопс, девсекопс и опссексекдевопс, термини за кои сме сигурни дека играат...

Дени Јованов –  Ментор на DevOps aкадемијата

Дени Јованов – Ментор на DevOps aкадемијата

Кој е Дени Јованов? Јас сум Дени Јованов, IT инженер по вокација и велешанец по локација 😊 . Доаѓам од градот на Кочо Рацин и првата библиотека, фан на светото Ф тројство: фотографија, филм, фудбал, а секако не можам да изоставам музика како и планинарење со кое ја...