27 September 2021

Разликата помеѓу вработените кои поминале специјализирана едукација и тие што не поминале е евидентна

Да ги запознаеме читателите, кои се Integra Solution?

INTEGRA Solution е веќе 18 години посветена на испорака на решенија и услуги во доменот на информациска сигурност, cybersecurity и IT service management.
Овие услуги пред се ги испорачуваме во банкарскиот, телекомуникацискиот и финансискиот сектор каде совладувањето на заканите во дигиталниот простор се задолжителни и ризикот е голем заради атрактивноста на овие индустрии.

Заради сето ова уште од основањето тимот кој го поседуваме треба да е на адекватно ниво на оваа испорака, односно да ги поседува способностите, компетенциите а со тек на време и искуството за работа во овие индустрии и истото тоа да биде докажано со сертификати и знаење.

Зошто се одлучивте за соработка со Седц?

Формално за да се биде дел од нашиот тим важни се три компоненти кои врабтениот треба даги поседува а тоа се знаење, вештини и однесување.

Знаењето кое посетителите на СЕДЦ студентите го поседуваат  произлегува од нивната формална едукација но тоа треба да е надополнето преку програмите кои овој едукативен центар ги има со поспецифичните аспекти на cybersecurity и информациска сигурност, за да не биде премногу генерално. Вештините пак често пати овие студенти за првпат ги стекнуваат преку едукацијата која како дел од нивниот развој заедно со однесувањето може да ја стекнат преку пракса и во нашата компанија.

Директно сте вклучени во унапредување на програмата за Security Specialist Академијата, што да очекуваат студентите оваа година?

Како што сите процеси се дигитализираат и има рапиден развој на иновативни продукти и сервиси, темите cybersecurity и IT service management треба секогаш да ги следат и да ги направат овие инфраструктурни подоверливи, отпорни и безбедни на ризиците. Ние тоа го имаме како крилатица: “Embrace the risk for digital resilience!” и токму тука го гледаме нашиот клучен придонес во унапредување на програмата. Студентите преку нашите предавачи и можноста за соработка добиваат менторство од професионалци со hand on experience и она што се предава во curriculum-от може да видат каква примена има во праксата.

Досега имате вработено голем број студенти од нашата Академија, колку сте задоволни од нивната работа?

Кога ќе ги споредиме овие вработени со оние кои не поминале некој дополнителна поспецијализирана едукација дефинитивно има разлика, сепак најзначајно е нивното однесување. Кај оние кои решиле да се посветат на ова професија преку самиот чин што тежнеат дополнително да се едуцираат гледаме поголема професионалност, посветеност и сериозност во работењето.

Ваша препорака до идните студенти на Академијата?

Професионалците во ИТ индустриите треба да го разберат својот професионален развој како работа која ќе ја продолжи и надгради нивната кариера и е задолжително во услови кога полу периодот на распаѓање на нивното знаење се мери во петолетки.
Односно заради рапидните промени ако не се развиваат и надградуваат со практична работа она што го научиле на факултет за пет години губи од својата вредност, уште една таква помината петолетка ќе значи дека се исфрлени од седлото на професионалците за подолг период или се додека тоа не го компензираат со нов развој.