20 September 2021

Партнерство со SEDC е начин да им се даде шанса на амбициозни таленти кои сакаат да го променат својот живот

На почеток, кои се Ludotech и која е вашата дејност?

Компанијата Ludotech e француска ИТ компанија за развој на софтверски решенија, основана во 2019 година од двајца ко-основачи Давид Цуклевски и Бруно Переира со локален центар за развој и иновација во Гевгелија.
Тие ја основаат фирмата со нивното работно искуство стекнато во Париз, Франција од полето на финансиите и инженерство за развивање на старт-ап бизниси.

Ludotech е нова ИТ компанија на пазарот која соработува претежно со старт-ап бизниси од Франција за изработка и креирање на разни платформи.
Ние создаваме сопствени софтверски решенија од идеја, истражување, до развој и распоредување во најголем дел за старт-ап компании. Нашата цел е да бидеме едношалтерски систем за смели претприемачи кои сакаат секоја идеја да ја претворат во успешен технолошки производ.

Што беше пресудно за вашата соработка со Седц?

Соработката со СЕДЦ започна со вработувањето на еден ваш студент, кој минатата година ја заврши академијата за Програмирање.
Тој дојде добро подготвен во нашиот процес на регрутирање и остави добар впечаток за обуката што ја доби.
По краткиот период поминат како практикант, тој успешно ја започна кариера како Јуниор софтверски програмер во нашата компанија.

Од какво значење е оваа соработка за понатамошниот развој на компанијата?

За нас, како инклузивна компанија, важно ни е  да имаме пристап до разновидни таленти кои можат да генерираат свежи идеи и нов начин на пристап на модерниот деловен предизвик.

Покрај тоа, ова партнерство со SEDC е начин да им се даде шанса на амбициозни таленти кои сакаат да го променат својот живот и да направат професионална кариера во софтверската економија.

Вработувате млади, креативни и стручни луѓе од Академиите при СЕДЦ. Какви се вашите очекувања и дали студентите досега ги исполнуваат истите?

Очекуваме дека студентите што тргнуваат на ова ново патување за промена на кариерата на ИТ пазарот се свесни дека тоа е долгорочен процес и дека може да биде предизвик од време на време.

Ние исто така го знаеме тоа, и затоа инвестираме време и енергија во практична обука и учење, што може да трае до една година за самоуверено да ги изградиме и обучиме новите таленти.

Врз основа на искуството што го имавме со студентот од SEDC, кој се приклучи на нашиот тим минатата година и нашата дискусија за неговото искуство, соучениците и организацијата за настава, можам да кажам дека студентот ги исполни нашите очекувања.

Ваша порака до идните студенти на Седц кои би сакале да ја продолжат својата кариера во Ludotech?

Ако сакате да ја започнете својата кариера во софтверската индустрија и да бидете дел од тим кој ја гради економската иднината, работејќи на иновативни производи SaaS, Ве покануваме да контактирате со нас.
Ќе бидете дел од тим за соработка, вклучувајќи и соработници од Франција, кои создаваат производи, споделуваат знаење и ќе бидете обучени со најновата и најдобра практика, знаење и начин на размислување на почетниот старт-ап еко-систем.
Од наша страна, можете да очекувате професионален пат во кариерата што ќе ве доведе до експертиза во дизајнот или развојот, но поважно е да бидете дел од целиот циклус на софтверско решение.

Можете да проверите некои од нашите case studies на ludotech.co