29 September 2021

Од големо значење е можноста да се приклучат нови колеги кои ја поминале Software Testing програмата

На почеток, кои се Seavus во Stockholm и која е вашата дејност?

Seavus е компанија која изработува решенија и испорачува ИКТ сервиси воглавно во Европа но и големи корпорации од останатите континенти. Во Шведска Seavus е познат по високото ниво на квалитет и долгите години искуство и акумулирана пракса/знаење во Банкарскиот сектор, Финансиски сервиси и секторот телекомуникации. Нашата дејност опфаќа континуирано следење на последните технологии и модерни решенија како и вклученост во стратешките планирања на клиентите во однос на технологиите кои би ги користеле и целиот процес на имплементација, надградба и одржување, со цел зголемување ефикасност, внесување нови продукти и услуги кон крајни корисници, подобрување на нивото на квалитет, сигурност и перформанси на решенијата.

Што беше пресудно за вашата соработка со Седц?

Долгогодишната соработка и фактот дека значителен број на сегашни колеги се приклучија преку програмата на СЕДЦ, па би рекол и вклучувајќи ме и мене своевремено, од една страна, како и потребата на нашите клиенти (Банка во Стокхолм, Шведска) за стручен кадар со активна обука од областа на автоматизација на тестови, беше доволно за лесна одлука во однос на соработката.

Од какво значење е оваа соработка за понатамошниот развој на компанијата?

Компанијата има се’ позабрзан раст и се’ поголем број светски познати компании имаат потреба од нашите услуги и реченија. Во овој процес можноста да приклучиме нови колеги кои поминале модерна програма и се запознаени со последните технологии, процеси и практики е од есенцијално значење за нас.

Вработувате млади, креативни и стручни луѓе од Академијата за Software Testing при СЕДЦ. Какви се вашите очекувања и дали студентите досега ги исполнуваат истите?

Абсолутно да, очекувањата се дека академијата ќе продолжи со континуирано следење на она што се случува на пазарот, кои технологии се во подем, кои методологии се најчесто практикувани, кои сертификати за знаење се’ препознати во светот и ќе продолжи да овозможува активна обука, односно обука со голем фокус на инволвираност на слушателите во практични задачи и проекти, како и споделување на искуства од експерти во областа. И секако, да оспособи што е можно повеќе луѓе да добијат неопходно знаење за понатамошна успешна кариера во областа на Software Testing.

Ваша препорака до идните студенти на Академијата за Software Testing?

На сите оние кои ќе се приклучат на програмата им советувам што е можно поголема посветеност, програмата е интересна, но и динамична. Во моментов има недостаток на квалификуван кадар од областа на Software Testing во светски рамки, и оваа програма е одлична за почеток на вашaта кариерa како Software Tester.