Интро за себе

Здраво, јас сум Ирина Титиева, по професија магистер по сликарство при факултетот за ликовни уметности Кирил и Методи- Скопје. Со уметност се бавам од кога паметам за себе, додека последниве 15 години, сум посветена на дигиталната уметност како графички дизајнер.

 

1.Од каде идејата за гејм дизајн?

Како личност постојано истражувам нови идејни решенија и концепти како во класичната, така и во дигиталната уметноста. Водена од длабоко всадената желба за совладување нови медиуми за работа, како и љубовта кон видео игрите, патот ме водеше да започнам да го истражувам 3Д дигиталниот свет. Можноста за влез во тој свет, каде 2Д уметноста се претопува во 3Д уметност, ми ја овозможи Академијата за гејм дизајн на СЕДЦ.

 

2.Unity или Autodesk Maya

Програмите за изработка на видео игри кои се изучуваат тука, ја нудат баш таа можност. Нов дигитален медиум за истражување и надоградување. Се отвара цел еден нов свет за истражување. Свет кој дозволува вметнување нови идеи и концепти за видео игри и се разбира не постои ограничување на фантазијата. Идеите се развиваат и шират, а кога ќе започнеш технички да ги изведуваш, во поглед на програмите Maya и Unity, нема крај на креативното дизајнирање.

 

3.За да бидеш добар гејм дизајнер потребно е … ?

Гејм дизајнер е професија каде идејата е збир од техничката изведба и концепт, доведени до совршенство. За да бидеш успешен во оваа професија, потребен е збир од следниве состојки: желба за учење и доусовршување, истрајност во изнаоѓање оригинални решенија и решавање на технички проблеми.

 

4.Твое гледиште за индустријата

Една од најголемите предности на оваа професија е тимската работа. Ова е индустрија во која успеваш заедно со својот тим. Тогаш се случува брејнсторминг, сите идеи се ставаат на маса, нивно елаборирање и сплотување во една водечка идеја.

 

5.Дали гејм дизајн е надградба за луѓе кои веќе се занимаваат со програмирање или графички дизајн, или е сосема ново поле за работа?

Токму тоа и го нуди Академијата за гејм дизајн на СЕДЦ. Работиш на сопствени и заеднички проекти. Учиш game mechanics , како да создадеш видео игра,т.е комплетен процес од идеја, скица, моделирање, анимација, реализација.

 

6.Раскажи ни повеќе за проектите на кој работевте за време на академијата

Еден од позначајните проекти на кои работев на академијата е заедничкиот проект со тимот на гејм дизајн, каде ја освоив наградата за 2Д артист, при Global Game Jam Macedonia 2023. Наградата беше доделена за изработка и изведба на storyboard за видео играта Тhe Land of Dust.

 

7.Порака до идните гејм дизајнери

На идните гејм дизајнери би им препорачала, да бидат истрајни и упорни во своите цели, гејм индустријата е обемна индустрија која нуди можности за сите. Само со желба за работа се стигнува до целта.

 

 

Креирај ја својата успешна приказна преку академијата за Game production and design!

Запознај ги нашите студенти

Успешна приказна – Роза Добринова

Успешна приказна – Роза Добринова

Која е Роза Добринова? Јас сум Добринова Роза, алумни студент од клупите на Qinshift Academy. По успешно завршена академска година добив можност да станам дел од менторскиот тим на Qinshift Academy како асистент на академијата за програмирање и воедно работам како...

Успешна приказна – Славе Ивановски

Успешна приказна – Славе Ивановски

Кој е Славе Ивановски? Јас сум Славе Ивановски, имам 20 години и доаѓам од Скопје. Пред извесно време ја завршив академијата за програмирање во Qinshift Academy и сум моментално студент на ФИНКИ. По завршување на средно образование во гимназијата “Јосип Броз-Тито”,...

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

  Кој е Марко Џамтоски? Јас сум Марко Џамтоски, љубител на фитнес и програмирање, и вистински се стремам кон одржување на здрав начин на живот. За мене, фитнесот не е само место за вежбање - тоа е  активност каде што се предизвикувам физички и ментално, постојано...