Која беше Сара пред академијата за UI/UX?

Пред да ја започнам академијата, студирав на aрхитектонски факултет и по завршувањето решив да продолжам со учење на други насоки во дизајнот, особено дизајнот на дигиталниот свет. За време на студиите се фокусирав на графички дизајн, но и на други креативни алатки како илустрирање, печење, свирење на клавир и укулеле, што ми помогна да го обработувам креативниот дел од проектите од повеќе гледишта.

Од стипендија на Challenge day до успешен приказна, би сакала ли да ни раскажеш повеќе за твојот кариерен пат?
Откако ја добив стипендијата, за кратко време ја започнав академијата додека работев како графички дизајнер. Тоа што го учев во моментот можев да го применам на реални проекти, што ми помогна брзо да ги усовршам своите вештини. Кога ја завршив академијата, се чувствував подготвена да работам и за кратко време ја најдов својата “dream” позиција.

Во која компанија се вработи?
Се вработив во xSoft .

Вредноста на академијата во твојот професионален развој?

Сега, откако се вработив, сфатив дека сите предавања на академијата биле формирани да не подготват за реалната работа. Академијата ме направи да се чувствувам подготвено и самоуверено, да се вработам успешно и опуштено како дел од дизајн тимот.

Презентирај ни дел од своето портфолио (мок ап)

Како би ги мотивиралa оние кои сакаат да започнат со UI/UX?

Кога започнав со UI/UX дизајн академијата, бев возбудена од можноста да креирам дизајн искуства што навистина имаат значење. Гледајќи како моите проекти оживуваат и добиваат позитивни повратни информации од страна на менторите ми беше најголема мотивација да продолжам напред.

Запознај ги нашите студенти

Успешна приказна – Роза Добринова

Успешна приказна – Роза Добринова

Која е Роза Добринова? Јас сум Добринова Роза, алумни студент од клупите на Qinshift Academy. По успешно завршена академска година добив можност да станам дел од менторскиот тим на Qinshift Academy како асистент на академијата за програмирање и воедно работам како...

Успешна приказна – Славе Ивановски

Успешна приказна – Славе Ивановски

Кој е Славе Ивановски? Јас сум Славе Ивановски, имам 20 години и доаѓам од Скопје. Пред извесно време ја завршив академијата за програмирање во Qinshift Academy и сум моментално студент на ФИНКИ. По завршување на средно образование во гимназијата “Јосип Броз-Тито”,...

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

  Кој е Марко Џамтоски? Јас сум Марко Џамтоски, љубител на фитнес и програмирање, и вистински се стремам кон одржување на здрав начин на живот. За мене, фитнесот не е само место за вежбање - тоа е  активност каде што се предизвикувам физички и ментално, постојано...