Интро за Афродита

Ако погледнам наназад, Афродита денес е се она за кое таа фантазираше. Се што некогаш беше само сон, денес го живее. Работам за британска букинг агенција – Agni Travel која поседува луксузни приватни вили на атрактивни локации низ цела Европа. Одржување и развој на веб страната www.beachvillas.com е една од моите обврски. Во позадина за потребите на агенцијата постојат уште неколку проекти во кои сум вклучена. Мајка сум на две деца која ужива слободното време да го минува во природа со семејството. Охрид и Струга се идеални средини за спорт и рекреација во секој период од годината. Возам велосипед и ролери, пливањето е приоритетно во летниот период а кошарката е мојата љубов од тинејџерски години. Ја сакам уметноста во секој облик. Љубител сум на пишаниот збор, ако не читам, тогаш пишувам. Времето со пријателите е задолжително.

 

 

1.Која беше Афродита пред академијата за програмирање?

Пред академијата за програмирање Афродита беше професор по програмски јазици во охридската гимназија:  ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид. Беше особено примамливо да се работи со млади талентирани ученици полни со напредни идеи. Токму тие беа инспирација да дојдам до СЕДЦ. Во летниот период организирав летна школа со група на ученици кои имаа амбиции во сфера на информатиката. Една од активностите во склоп на школата беше посета на СЕДЦ академијата и тестирање на заинтересираните ученици. Академијата во таа прилика додели полу стипендија на најдобриот ученик. Морам да признам дека во истиот момент посакав да станам дел од оваа академија. После извесен период почнав да размислувам за професионална надградба. Помеѓу магистерски студии и академија јас без двоумење ја избрав СЕДЦ. Во периодот од запишување до завршување на академијата мојата пасија за готвење ја претворив во извор на егзистенција. Одреден период работев во сектор на угостителство како готвач на што сум особено горда.

 

2.Дали имаше некакво познавање од IT сферата пред да се запишеш и за што те подготви академијата?

Дипломирав компјутерски науки на УЈИЕ – “Универзитет на Југоисточна Европа”. После студиите предност му дадов на семејството. Тоа за мене значеше пауза на професионален план. Да се гради кариера паралелно со градење семејство не е така едноставно. Мојот прв работен ангажман беше професор по програмски јазици. Предавав C++ програмирање во трета и четврта година што опфаќаше широк спектар на теми како од структурно така и од објектно ориентирано програмирање. Пред запишувaње на академијата имав неколку пракси во локални фирми каде го проширив моето искуство и знаење во областа на програмските јазици.

Академијата дефинитивно ме регрутираше за она што избрав да биде моја идна професија. На академијата стекнав знаење и вештини кои ми овозможија со леснотија да се вклопам во било која IT компанија. Особена чест и задоволство беше за мене да се биде во друштво на врвни професионалци. Имавме прилика да учиме од луѓе кои се во зенитот на својата кариера. Импресивно искуство!  Непосредниот контакт со овие луѓе ни овозможи да стекнеме не само колеги туку и пријатели кои отворено се залагаа секој од нас да ја постигне целта.

Бескрајно сум им благодарна.

 

 

3.Проекти на академијата наспроти проекти на работно место

Проектите на академијата беа одлична подготовка за мојот работен ангажман. Морам да споменам еден проект на тренерот Ристе Пазаркоски кој вклучуваше примена на RegEx pattern. Беше особено интересно за мене кога ја добив мојата прва посериозна задача на работното место која всушност беше токму тоа што тој ни го демонстрираше на академијата.  Иако јас во моментов работам Laravel Framework, што не се изучува на СЕДЦ, сепак во основа нештата функционираат на ист начин. Лесно е да се совлада нов јазик кога веќе еден го владееш солидно. Паралелно работам и Back-end  и Front-end и би рекла дека и двете се подеднаков предизвик за мене. Непознатото привлекува, така што постојано сум во потрага по нови сознанија.

 

 

4.На што повеќе сакаш да работиш, Javascript ili .Net?

Како што веќе споменав, немам преференции во тој поглед . Подеднакво би се залагала во секој случај. Без разлика за  која технологија се работи, личната сатисфакција доаѓа со секоја успешно завршена задача а тоа ја претвора работата во задоволство.

 

 

5.Каков совет би им дала на оние кои сакаат да се запишат на оваа академија?

Кога решив да инвестирам во себе, се запишав на академијата за програмирање во СЕДЦ. Тоа беше најдобрата инвестиција воопшто.

 

Креирај ја својата успешна приказна преку академијата за програмирање-Охрид!

 

Запознај ги нашите студенти

Успешна приказна – Роза Добринова

Успешна приказна – Роза Добринова

Која е Роза Добринова? Јас сум Добринова Роза, алумни студент од клупите на Qinshift Academy. По успешно завршена академска година добив можност да станам дел од менторскиот тим на Qinshift Academy како асистент на академијата за програмирање и воедно работам како...

Успешна приказна – Славе Ивановски

Успешна приказна – Славе Ивановски

Кој е Славе Ивановски? Јас сум Славе Ивановски, имам 20 години и доаѓам од Скопје. Пред извесно време ја завршив академијата за програмирање во Qinshift Academy и сум моментално студент на ФИНКИ. По завршување на средно образование во гимназијата “Јосип Броз-Тито”,...

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

  Кој е Марко Џамтоски? Јас сум Марко Џамтоски, љубител на фитнес и програмирање, и вистински се стремам кон одржување на здрав начин на живот. За мене, фитнесот не е само место за вежбање - тоа е  активност каде што се предизвикувам физички и ментално, постојано...