Што те инспирираше да започнеш со веб дизајн и фронт-енд?

Уште од најрана возраст бев опкружен со компјутери и технологија, од таму полека, но сигурно се повеќе растеше мојата желба да ја градам својата кариера во ИТ секторот. На почетокот не можев да се одлучам дали повеќе ме привлекуваше програмирањето или дизајнот, но со време како се повеќе учев и истражував сосема случајно го открив веб дизајнот, кој се испостави дека е совршена средина помеѓу двете бранши.

Дали имаше некакво предзнаење од областа на веб дизајн?

Пред да ја донесам одлуката да се запишам на академијата за веб дизајн и фронт-енд, мојата љубопитност ме потикна секојдневно да учам и да истражувам нови аспекти поврзани со веб дизајнот кои ми служеа како една одлична основа во самите почетоци на академијата. Поседував почетничко знаење, но одличните ментори успеаја да го извлечат најдоброто од мене и ми овозможија да го достигнам мојот целосен потенциал во областа на веб дизајнот.

Каде се вработи ?

Се вработив во компанијата Thrasker. Тие се одлучиа да ми пружат шанса и ми понудија платена пракса.

Како тековен студент, како академијата ти помогна да се вработиш за толку кратко време?

Најзначајниот фактор кој ми овозможи да пронајдам работа за толку кратко време е одлично осмислената програма која доколку си посветен и внимателно ја следиш ќе те научи и ќе те запознае со сите алатки и вештини кои му се потребни на еден успешен веб дизајнер и фронт-енд девелопер. Но, исто така не можам да ги изоставам одличните ментори кои несебично го споделуваа сето свое знаење со студентите, секогаш беа спремни да ни помогнат, да не советуваат и да не насочат кон вистинскиот пат до успехот.

Како би ги мотивирал оние кои сакаат да започнат со веб дизајн & фронт-енд?

Кога навлегувате во светот на веб дизајнот, навлегувате во свет со бескрајни можности за креативност и иновација. Оваа академија не е само образовна институција, туку е патека која ќе ви овозможи да ја ослободите својата креативност и ќе ве насочи кон патот на успехот. Тука ќе се стекнете со сите потребни технички вештини, критичко размислување, тимска работа и иновативно решавање на проблеми. Менторите ќе бидат вашиот водич, поддржувајќи ги вашите идеи и инспирирајќи ве да го ослободите вашиот полн потенцијал. Секогаш верувајте во себе и запомнете, среќата ги следи храбрите!

Запознај ги нашите студенти

Успешна приказна – Роза Добринова

Успешна приказна – Роза Добринова

Која е Роза Добринова? Јас сум Добринова Роза, алумни студент од клупите на Qinshift Academy. По успешно завршена академска година добив можност да станам дел од менторскиот тим на Qinshift Academy како асистент на академијата за програмирање и воедно работам како...

Успешна приказна – Славе Ивановски

Успешна приказна – Славе Ивановски

Кој е Славе Ивановски? Јас сум Славе Ивановски, имам 20 години и доаѓам од Скопје. Пред извесно време ја завршив академијата за програмирање во Qinshift Academy и сум моментално студент на ФИНКИ. По завршување на средно образование во гимназијата “Јосип Броз-Тито”,...

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

  Кој е Марко Џамтоски? Јас сум Марко Џамтоски, љубител на фитнес и програмирање, и вистински се стремам кон одржување на здрав начин на живот. За мене, фитнесот не е само место за вежбање - тоа е  активност каде што се предизвикувам физички и ментално, постојано...