Колку навистина е важна сајбер безбедноста и што значи во вашето CV да имате наведено CEH сертификација(Certified Ethical Hacker) во оваа гранка? За таа цел разговараме со Игор Јанкулоски, ИТ техничар во VideoAlarm кој се реши да го надогради своето знаење преку академијата за сајбер безбедност! Прочитајте го целосното интервју

 

Што те мотивираше да се запишеш на академијата за сајбер безбедност на СЕДЦ?

– Мотивацијата да се запишам во СЕДЦ беше да го надградам моето знаење за сајбер безбедност, поточно за CEH сертификатот. Сакав да видам како е да се биде од другата страна на Firewall-от бидејќи моето деосегашно искуство секогаш било дефанзивно.

 

 Certified Ethical Hacker е нешто што звучи многу кул. Mожеш ли да го споделиш твоето искуство од испитот ?

Академијата и испитот беа многу интересни, беше фасцинантно да се види кои се алатки и начини се користат за тестирње и пенетрација на разни системи.

 

Како секојдневно се надградуваш, вон академијата?

– Бидеќи мојата професија е од делот на техничко обезбедување, секојдневно барем малку добивам шанса да осознаам нешто ново во сајбер безбедноста и да применам некоја од техниките научени на академијата, такашто ги зацврснувам своите знаења во истата.

 

Твое гледиште за важноста на оваа професија и сертификацијата

– Овој тип на професија е од многу голема важност и таа со текот на времето ќе биде се поголема. Како што се развива технологијата и имплементацијата на IoT системите во секојдневието, сигурноста ќе стане императив.

 

Дали ги користиш твоите етички хакерски вештини во твоето секојдневие ?

– Како што напоменав, ја имам таа среќа да работам во областа на техничката безбедност и добивам барем еднаш во денот шанса да ги применам своите вештини и воедно да ги подобрам.

 

Каков совет би им дал/а на оние кои сакаат да се запишат на оваа академија?

– На сите оние кои размислуваат да се запишат на оваа академија, многу топло би им ја препорачал. Доколку сакаат нивната идна порфесија да биде во делот на сајбер безбедноста и да бидат спремни за за тешки, но воедно интересни предизвици.

 

🗯️”Сајбер безбедноста е уметност, не e само знаење”- додаде Игор.

 

Академијата за сајбер безбедност ја применува  теоријата во пракса преку проекти и виртуелни вежби!

Ќе се стекнеш со  потребното знаење и меѓународно признат сертификат за успешно да ја започнеш твојата кариера!

Запознај ги нашите студенти

Успешна приказна – Роза Добринова

Успешна приказна – Роза Добринова

Која е Роза Добринова? Јас сум Добринова Роза, алумни студент од клупите на Qinshift Academy. По успешно завршена академска година добив можност да станам дел од менторскиот тим на Qinshift Academy како асистент на академијата за програмирање и воедно работам како...

Успешна приказна – Славе Ивановски

Успешна приказна – Славе Ивановски

Кој е Славе Ивановски? Јас сум Славе Ивановски, имам 20 години и доаѓам од Скопје. Пред извесно време ја завршив академијата за програмирање во Qinshift Academy и сум моментално студент на ФИНКИ. По завршување на средно образование во гимназијата “Јосип Броз-Тито”,...

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

  Кој е Марко Џамтоски? Јас сум Марко Џамтоски, љубител на фитнес и програмирање, и вистински се стремам кон одржување на здрав начин на живот. За мене, фитнесот не е само место за вежбање - тоа е  активност каде што се предизвикувам физички и ментално, постојано...