Разговараме со Иван Коминовски, студент на академијата за графички дизајн кој ја започнува својата кариера како motion graphic designer во Reto-links. Прочитајте го целосното интервју и дознајте повеќе за Иван!

 

1.Кој е Иван Коминовски?

Здравo, јас се викам Иван, имам 24 години и сум од Битола. Студирав на факултетот за ликовни умтености – Скопје, смер скулптура и модул графички дизајн.

 

2..Што те мотивираше да се запишеш на академијата за графички дизајн?

Љубовта кон уметноста и дигиталниот свет, сакав да ја надградам со нови знаења

 

3.Која насока од графички дизајн би сакал да ја изучуваш повеќе и каде кариерно ќе се усмериш?

Повеќе би сакал да изучувам motion design, затоа што креативно се пронаоѓам во тоа и кариерно би се усмерил во тој правец.

 

4.Каков е твојот раст од започнувањето на академијата до сега, како графички дизајнер?

Пред запишувањето имав само искуство со илустрација, меѓутоа со текот на обуката процесот на дизајнираање стана побрз и посигурен.

 

5.Раскажи ни за реалните проекти на кои работевте

Прв реален проект беше дизајн на лого за клиент, а потоа создавање на бренд индентитет. Работев како тимски лидер, имавме многу работа. Научивме колку е важна организираноста, работењето во тим, а и како ефикасно да го користиме даденото време за проектот.

 

6.Како креативен процес на комуникација, што повеќе преферираш: фотографија или илустрација?

Јас преферирам илустрација, затоа што имам најмногу искуство со тоа и добивам повеќе инспирација од стрип и анимација.

 

7.Каков совет би им дал на почетниците кои сакаат да го унапредат своето знаење?

Би препорачал да ги совладаат принципите и елементите на дизајн и уметноста, поради тоа што низ текот на годините софтверите и алатите што ги користиме се менуваат, ама основите секогаш остануваат исти и се присутни во сите насоки на дизајн.

Дел од портфолиото на Иван
Уписите за aкадемијата за графички дизајн се во тек, резервирај го своето место и креирај уште една успешна приказна !

Запознај ги нашите студенти

Успешна приказна – Роза Добринова

Успешна приказна – Роза Добринова

Која е Роза Добринова? Јас сум Добринова Роза, алумни студент од клупите на Qinshift Academy. По успешно завршена академска година добив можност да станам дел од менторскиот тим на Qinshift Academy како асистент на академијата за програмирање и воедно работам како...

Успешна приказна – Славе Ивановски

Успешна приказна – Славе Ивановски

Кој е Славе Ивановски? Јас сум Славе Ивановски, имам 20 години и доаѓам од Скопје. Пред извесно време ја завршив академијата за програмирање во Qinshift Academy и сум моментално студент на ФИНКИ. По завршување на средно образование во гимназијата “Јосип Броз-Тито”,...

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

  Кој е Марко Џамтоски? Јас сум Марко Џамтоски, љубител на фитнес и програмирање, и вистински се стремам кон одржување на здрав начин на живот. За мене, фитнесот не е само место за вежбање - тоа е  активност каде што се предизвикувам физички и ментално, постојано...