Разговараме со Кристиан Трајков, алумни студент на академијата за компјутерски мрежи и ИТ операции кој стекнатото знаење од академијата продолжува да го надоградува како Junior Network Engineer во InfoSoft Systems.Прочитајте го целосното интервју!

 

1.Кој е Kристиан?

– Кристиан Трајков, 21 година, од Скопје, поранешен студент на Економскиот факултет во Скопје, веќе алумни студент на академијата за мрежи во SEDC.

 

2.Што прави Кристиан денес?

– Веќе 3 месеци сум вработен како Junior Network Engineer во InfoSoft Systems и целта ми е да го доведам своето знаење на уште повисоко ниво и да напредувам во понатамошната кариера. Скоро ја завршив академијата за мрежи во SEDC и воедно сум многу задоволен од целата програма на академијата.

 

3.Од твојата работа во сервис за компјутери до мрежен инженер во InfoSoft Systems, за што те подготви академијата за мрежи ?

-Кога се запишав на академијата за мрежи немав премногу познавање од целата програма, бев запознаен со најосновното. Тоа ми беше уште поголем предизвик да ја завршам академијата успешно и можам слободно да кажам дека тоа и се случи. Самата академија ме подготви доволно добро за почеток и влез во оваа струка и во ИТ светот. Воедно и како да се справувам со нови предизвици за поуспешен развој.

 

4.Најинтересен модул и зошто?

Не би можел да одвојам точно модул од целата програма, бидејќи за мене беше подеднакво се интересно, од самиот почеток па се до крајот на академијата. Самите ментори и придонесоа целата академија да ја поминеме многу интересно.

 

5.Tips&tricks што ги научи на академијата?

Во 9 месеци академија, може да се научат многу работи. Повторно ќе кажам дека самата академија ме подготви многу стабилно, зрело и прецизно да гледам на својата идна кариера и целиот ИТ свет.

 

6.Што би им препорачал на заинтересираните студенти

На заинтересираните студенти би им препорачал да не се плашат од предизвици, доколку се размислуваат да се запишат на некоја од академиите, да направат промена, сигурно ќе вреди. Моето искуство со оваа академија е многу позитивно. Сите ментори, целата екипа во позадина на SEDC е супер. Има пријатна атмосфера и може многу да се научи што е најбитно.

 

Резервирајте во вашето место, уписите за академијата за компјутерски мрежи и ИТ операции се во тек!

Запознај ги нашите студенти

Успешна приказна – Роза Добринова

Успешна приказна – Роза Добринова

Која е Роза Добринова? Јас сум Добринова Роза, алумни студент од клупите на Qinshift Academy. По успешно завршена академска година добив можност да станам дел од менторскиот тим на Qinshift Academy како асистент на академијата за програмирање и воедно работам како...

Успешна приказна – Славе Ивановски

Успешна приказна – Славе Ивановски

Кој е Славе Ивановски? Јас сум Славе Ивановски, имам 20 години и доаѓам од Скопје. Пред извесно време ја завршив академијата за програмирање во Qinshift Academy и сум моментално студент на ФИНКИ. По завршување на средно образование во гимназијата “Јосип Броз-Тито”,...

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

  Кој е Марко Џамтоски? Јас сум Марко Џамтоски, љубител на фитнес и програмирање, и вистински се стремам кон одржување на здрав начин на живот. За мене, фитнесот не е само место за вежбање - тоа е  активност каде што се предизвикувам физички и ментално, постојано...