fbpx

Најголемиот дел од работата ми се темели врз алатките кои што имав можност да ги изучувам во СЕДЦ

На кратко, која е Кристина?

Амбизциозна личност која сака да се реализира во сферата на ИТ Инженерството.
Мотивирана за учење и откривање на нови предизвици на полето на Cloud Ops. Екстровертен тип на личност кој истрајно работи на себе и исполнување на своите очекувања, отворена за усвојување нови знаења и надградба на секое поле.
Ентузијаст, активист, вечен талкач по нови подеми и победи, поданик на природата, вљубеник во добра книга и добар филм.

Зошто се одлучи за кариера како Cloud Ops Инжинер?

Верувам дека иднината – прогресот на општеството и цивилизацијата е во ИТ секторот и својот развој го насочувам кон тоа, а сметам дека вистинското место за мене беше Cloud Ops Академијата во Сивус Едукативниот Ценатар, во која го препознав потенцијалот кој ми служи како отскочна даска во почетоците и развојот на мојата ИТ кариера.

Дали Cloud Ops Академијата ги исполни твоите очекувања?

Cloud Оps Академијата несомнено ги исполни моите очекувања во однос на програмата, материјата, софистицираноста на алатките што се изучуваат при истата и начинот на пренесување на целото знаење од страна на извондредниот кадар.
Нуди бескрајни можности и насоки за понатамошното развивање во областа на ИТ, големи knowledge бази, можности за практична работа со чија помош стекнав големо искуство и знаење.

Што после академијата за Cloud Ops?

После сето стекнато знаење и практично искуство за тоа како се применуваат алатките кои ги изучив на академијата, мојата приказна продолжува со тоа што аплицирав на IT Operations and Support Engineer (ITOSE) талент програмата организирана од страна на Seavus, која што успешно ја завршив. Добив понуда да станам дел од Seavus тимот, која секако, со задоволство ја прифатив.

Дали материјата што ја помина на Академијата практично ја примени?

Дефинитивно! Најголемиот дел од работата ми се темели врз алатките кои што имав можност да ги изучувам во СЕДЦ. Генерално, работам со Cloud платформи и различни програми кои се користат при мониторинг и оддржување на најразлични ифраструктури.

Порака до идните студенти?

Нека вербата во себеси и автентичноста на вашата приказна биде компас кој води до самиот врв, каде ве уверувам дека постоите само вие и светот што сами го создавате.

Виртуелниот свет како и молскавичниот замав кој го зема знае да биде исцрпувачки и мошне тежок за оние кои за прв пат му пристапуваат, но патот до врвот е ништо во споредба со чувството на самиот врв.