Кој е Никола?

Јас сум Никола Ангелковски, имам 24 години, доаѓам од Скопје и моментално работам како Associate Cloud Engineer во RLDatix. Голем фан сум на сите типови на спортски активности, а најчесто играм кошарка, фудбал и билијард. Моите моментални хобија се свирење на гитара и читање стручна литература за збогатување на техничкото знаење.

Од каде се роди желбата за DevOps?

Желбата да бидам DevOps инженер произлезе сосем случајно кога видов оглас за пракса за DevOps инженери, и како одминуваше времето и навлегував подлабоко во светот на DevOps, сфатив дека го имам направено вистинскиот избор и дека DevOps е тоа што сакам да го работам.

Вештини и практики што ги сметаш како корисни во DevOps а ги совлада на
академијата?

Сметам дека една од клучните вештини кои треба да ги поседува еден DevOps инженер е ефикасната комуникација, затоа што имаме постојана комуникација со целиот тим, и треба да знаеме како да ги пренесеме правилните информации за да дојдеме до вистинското решение, и со тоа да ги задоволиме потребите на тимовите во кои работиме. Од практики, секогаш треба да обрнеме особено внимание на читливоста на кодот, ефикасното користење на ресурсите со кои работиме, како и одржување на безбедноста на највисоко ниво.

Работа со Terraform

Terraform е една од најкористените алатки за менаџирање на инфраструктурата како код (Infrastructure as Code – IaC) и со нејзино користење се крати процесот на рачно креирање и менаџирање на ресурсите, и дополнително нуди подобра прегледност врз сето тоа што ние го креираме, како и конфигурациите за истото.

Новите трендови во индустријата, што ти остава најголем впечаток од она што
го гледаме?

Еден нов тренд кој е во подем во индустријата е искористувањето на можностите на вештачката интелигенција за поефикасно и побрзо работење. Иако е сеуште во раст и развој овој тренд, сепак сметам дека иднината ќе се заснова на уште поголема автоматизација на процесите, и со тоа поголемо олеснување на нашата работа, меѓутоа со поголеми предизвици во однос на мониторингот на безбедноста и стабилноста на таа автоматизација.

Порака до идните студенти

Не се плашете да поставувате прашања за сето она што ве интересира, секогаш барајте дополнителни ресурси за учење и вежбање и секогаш бидете отворени кон промени и новитети, затоа што DevOps светот секојдневно станува се подинамичен и поопширен, а со тоа се наметнува и барањето за постојано надоградување и надополнување на знаењето кај DevOps инженерите, како и потребата за агилно работење во брзорастечки средини.

Запознај ги нашите студенти

Успешна приказна – Роза Добринова

Успешна приказна – Роза Добринова

Која е Роза Добринова? Јас сум Добринова Роза, алумни студент од клупите на Qinshift Academy. По успешно завршена академска година добив можност да станам дел од менторскиот тим на Qinshift Academy како асистент на академијата за програмирање и воедно работам како...

Успешна приказна – Славе Ивановски

Успешна приказна – Славе Ивановски

Кој е Славе Ивановски? Јас сум Славе Ивановски, имам 20 години и доаѓам од Скопје. Пред извесно време ја завршив академијата за програмирање во Qinshift Academy и сум моментално студент на ФИНКИ. По завршување на средно образование во гимназијата “Јосип Броз-Тито”,...

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

  Кој е Марко Џамтоски? Јас сум Марко Џамтоски, љубител на фитнес и програмирање, и вистински се стремам кон одржување на здрав начин на живот. За мене, фитнесот не е само место за вежбање - тоа е  активност каде што се предизвикувам физички и ментално, постојано...