Успешна Приказна – Рената Карајанова

Окт 17, 2023

Интро за Рената Карајанова

Здраво, јас сум Рената, алумни студент на академијата за Software Testing,  инаку дипломиран економист по Е-Бизнис на Економски факултет. Голем љубител на добри книги, моментално во процес на градење на домашна библиотека 😊

 

1.Што те мотивираше да се запишеш на академијата за Software Testing на СЕДЦ?

Кога решив дека сакам да направам промена во кариерата, Software Testing беше првата работа која ме привлече бидејќи нуди многу интересна и предизвикувачка кариера, имаш простор за креативност и иновација, постојано учење и развој. За СЕДЦ имав слушнато многу позитивни коментари, програмата им беше многу добро организирана, па мојот избор беше лесен.

 

2.Дали имаше некакво познавање од IT сферата, пред да ја запишеш академијата?

Минимални. Претходното работно место ми беше од областа на финансии и администрација, па познавањата од IT сферата би рекла дека ми беа минимални пред да се запишам на академијата.

 

3.Дали си тим мануелно или автоматско тестирање?

Баланс меѓу двете 😊 Двата типа на тестирање – мануелно и автоматско се применливи во различни случаи во зависност од различни фактори – буџет, барањата и структурата на проектот, достапни ресурси и време, и не се меѓусебно исклучиви, туку треба внимателно да се одбере кога мануелно, а кога автоматско тестирање.

 

4.SQL или REST API?

И двете, секој за својата намена.

 

5.Со кои предизвици се соочи во текот на академијата?

Работата на реален проект на самиот крај на академијата би рекла дека ми беше најголем предизвик. Работевме во тим со колеги од останатите академии, и тогаш за прв пат добиваш чувство како би изгледала работата во еден тим составен од девелопери, дизајнери, тестери.. Комуникацијата и тимската работа од почетокот до крајот на проектот беше голем предизвик и едно многу убаво искуство за мене.

Организацијата на времето е предизвик исто така. Во тој период имав работа со полно работно време, после кое брзав да стигнам на предавања, а по предавањата мораш да најдеш време да ги завршиш зададените домашни задачи и да научиш нешто повеќе за темата.

 

6.Каков совет би им дал/а на оние кои сакаат да се запишат на оваа академија?

За сите оние кои се двоумат дали да започнат кариера во Software Testing, го препорачувам како навистина интересна област, со многу можности и ве охрабрувам да го направите тој следен чекор. Верувајте во себе и доколку вложите доволно време и труд, верувам дека ќе ви се исплати.

 

Креирај ја и ти својата успешна приказна преку академијата за софтвер тестинг!

Уписите за новата група се во тек, започнуваме на 20 ноември!

Запознај ги нашите студенти

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

  Кој е Марко Џамтоски? Јас сум Марко Џамтоски, љубител на фитнес и програмирање, и вистински се стремам кон одржување на здрав начин на живот. За мене, фитнесот не е само место за вежбање - тоа е  активност каде што се предизвикувам физички и ментално, постојано...

Успешна Приказна – Афродита Беле

Успешна Приказна – Афродита Беле

Интро за Афродита Ако погледнам наназад, Афродита денес е се она за кое таа фантазираше. Се што некогаш беше само сон, денес го живее. Работам за британска букинг агенција - Agni Travel која поседува луксузни приватни вили на атрактивни локации низ цела Европа....

Успешна Приказна- Борче Борисовски

Успешна Приказна- Борче Борисовски

Запознајте го Борче Борисовски, алумни студент од академијата за програмирање кој е дел од тимот на Сивус како Front-end developer и воедно го споделува стекнатото знаење и искуство со новите групи во улога на ментор. Прочитајте го целосното интервју!   1.Кој...