Дали направи промена на кариера и кој беше Зоран пред академијата за тестирање софвтер во Qinshift Academy?

Пред академијата за тестирање софвтер во Qinshift Academy, мојата кариера се развиваше во различни насоки, но во последните три години, се фокусирав на Customer Support улогите во ИТ индустријата. Овие искуства постепено ги развиваа и усовршуваа моите комуникациски вештини и способности за решавање на проблеми, додека истовремено ја зголемуваа мојата способност за забележување на детали. Од оваа перспектива можам да кажам дека овој период се покажа како природен преод кон Quality Assurance.

По завршувањето на академијата, направив кариерна промена во улога на Quality Assurance Engineer во BetterBot, компанија која го револуционизира процесот на изнајмување имоти во САД користејќи ги најновите алатки за автоматизација и вештачка интелигенција. Тука ги применувам моите вештини за планирање, пишување и извршување на тестови, следење на дефекти и на крај, допридонесувам за обезбедување висок квалитет на производот.

Кратко речено, мојата кариера еволуираше преку секоја од претходните улоги, што допринесе кон мојот развој како софтверски тестер, овозможувајќи ми да направам уникатен спој на Customer Oriented Mindset и техничката експертиза.

Зошто QA во Qinshift Academy?

Изборот на QA во Qinshift Academy беше стратегиска одлука, базирана на моето истражување на пазарот за академии за надградба на образованието.

Qinshift Academy се истакна како најдобриот избор поради нивната комплетна наставна програма, персонализирано менторство и практичен пристап кон учењето. Академијата обезбеди јасен пат за преод во кариерата и развој на вештините.

Покрај тоа, широкото портфолио на академијата, нејзината традиција и постојаната адаптација на програмите според најновите трендови во ИТ областа беа од суштинско значење при мојата крајна одлука.

Каков е твојот пристап кон тестирање на функционалностите на еден софтвер?

Мојот пристап кон тестирање е систематски и темелен. Најпрвин, започнувам со анализа на спецификациите и барањата од кои траба да разберам што се очекува од софтверот, односно како се очекува да работи некоја одредена функционалност од истиот. Потоа, креирам детален тест план што ги вклучува сите случаи и тест сценарија со кои се обидувам да ги опфатам сите аспекти на функционалноста која се тестира.

При тестирањето, не се фокусирам само на функционалноста и напишаните тест случаи, туку и на употребливоста, перформансите но и на визуелниот приказ на елементите. Во текот на целиот процес, одржувам прецизна документација и ефикасно комуницирам со колегите од другите тимови со цел да обезбедам сеопфатно тестирање од различни перспективи.

Кои се твоите очекувања од позицијата асистент на академијата, нешто што го правиш поразлично сега од кога беше на академијата?

Позицијата асистент на QA академијата прво ја прифатив како нов предизвик но бргу ја спознав и одговорноста која ја носи истата. За мене, ова не е само работна обврска, туку и можност да бидам дел од процесот кој ќе ги инспирира студентите и уште повеќе ќе ја разгори нивната мотивација, обезбедувајќи им ја потребната енергија за постигнување на своите цели и кариерен напредок.

Сепак, во овој процес, очекувам да учам и јас како и студентите. Верувам дека взаемното учење и споделување на искуства ќе ми овозможат да продолжам со својот професионален развој.

Од нашата соработка со студентите очекувам да креираме иновативна и интерактивна настава. Сметам дека соединување на нашите идеи и креативни пристапи ќе помогне во збогатување на учебната средина и создавање на стимулативна околина за развој.

Сподели ги твоите досегашни искуства со мануелно тестирање.

Моето искуство со мануелно тестирање е динамично и постојано се развива, првенствено фокусирајќи се на симулирање различни кориснички сценарија. Ова вклучува детално тестирање на различни функционалности како закажување, презакажување и откажување на состаноци преку нашиот продукт, преглед на достапни станови, видеа, 3D тури и други функционалности кои директно влијаат на корисничкото искуство.

Исто така, поради фактот што тестирањето на API повици има клучна улога во обезбедувањето на функционалноста и успешната синхронизација на апликациите, тестирањето на интеграциите на нашиот продукт со други платформи е значаен аспект во моето искуство. Ова вклучува тестирање на размена на податоци преку API повици кои што овозможуваат комуникација помеѓу нашата платформа и други системи.

Во целост, од моето искуство можам да го истакнам значењето од вклучување на повеќе аспекти во процесот на тестирање кои дополнително придонесуваат за стабилноста на софтверот. Ова не само што помага во откривањето на грешки пред да се пушти софтверот во употреба, туку и придонесува за подобрување на неговата стабилност, перформансите и корисничко искуство.

Каков совет би им дал на оние кои се заинтересирани за академијата?

Патот кон Quality Assurance може да биде вистински предизвик, но истовремено и магичен и затоа на нашите студенти би им препорачал:

Бидете љубопитни: вашиот пат започнува со вашата љубопитност и желбата за учење. Ако од малечки сте сакале да демонтирате играчки за да ги истражите и да разберете како функционираат, тогаш имате вистинскиот дух за QA. Не плашете се да размислувате надвор од рамките на она што е очекувано и стандардизирано. Храбро искушувајте нови начини за решавање на проблеми и размислувајте Out Of The Box. Ова може да ви помогне да пронајдете иновативни начини за подобрување на процесите и продуктите, и да го развиете вашиот потенцијал на најдобар можен начин.

Истражувајте и подгответе се: Пред да се впуштите во QA, важно е да го истражите секторот и да се уверите дека овој чекор е чекор поблиску до остварување на вашите кариерни цели и интереси. Подгответе се да инвестирате време и енергија во учењето, бидејќи академијата ќе ви обезбеди алатки и знаење, но од вас зависи како и во која мера ќе ги користите.

Бидете отворени за соработка но и критика: вашите ментори и колеги се вашите поддржувачи. Бидете отворени за нивните совети, соработка и критики како дел од вашето учење и развој.

Запознај ги нашите студенти

Успешна приказна – Роза Добринова

Успешна приказна – Роза Добринова

Која е Роза Добринова? Јас сум Добринова Роза, алумни студент од клупите на Qinshift Academy. По успешно завршена академска година добив можност да станам дел од менторскиот тим на Qinshift Academy како асистент на академијата за програмирање и воедно работам како...

Успешна приказна – Славе Ивановски

Успешна приказна – Славе Ивановски

Кој е Славе Ивановски? Јас сум Славе Ивановски, имам 20 години и доаѓам од Скопје. Пред извесно време ја завршив академијата за програмирање во Qinshift Academy и сум моментално студент на ФИНКИ. По завршување на средно образование во гимназијата “Јосип Броз-Тито”,...

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

  Кој е Марко Џамтоски? Јас сум Марко Џамтоски, љубител на фитнес и програмирање, и вистински се стремам кон одржување на здрав начин на живот. За мене, фитнесот не е само место за вежбање - тоа е  активност каде што се предизвикувам физички и ментално, постојано...