Сулејма Имер – дел од тимот на Vertigo Visual

Мај 31, 2022

Здраво Сулејма, накратко кажи ни за себе?

Здраво, накратко јас сум лик којшто има многу љубов во себе кон сите уметности, и во било кое време може да ти раскаже за некоја слика или сцена што и се ​​врти во главата. Сакам да читам и пишувам и обожавам да цртам, па најчесто ќе ме најдеш како пробувам сето тоа да го склопам во една приказна.

Донесе одлука повторно да се вратиш во студентските клупи, зошто баш Академијта за Game Design во СЕДЦ?

Отсекогаш сум имала желба да создавам карактери и некои нови светови и средини, па можноста да го пренесам сето тоа од приказни и цртежи во 3Д ми беше наредна цел во животот. Она што ми е исклучително важно кога учам нешто ново е да имам добра комуникација и поддршка од менторите при целиот тој процес, па по разговори со блиски и познаници кои веќе имаат искуство се решив за СЕДЦ и не зажалив во ниеден момент.

Со какви предизвици се соочи на Академијата?

Еден од предизвиците ми беше да научам што се случува позади сцената и настрана од уметноста во игрите и сето тоа да го земам во предвид при креирање на било што во 3Д. Можам го издвојам Unity како еден пример, бидејќи јас влегов во академијата со никакво познавање кога се работи за логичкиот аспект на креирање на една игра во game engine. Меѓутоа Unity многу брзо премина од дел што бев несигурна дека ќе можам да го научам во нешто што ми беше интересно да го истражувам и учам секојдневно, па тоа самото по себе придонесе до успех. Тоа, но и менторите што беа тука во секое време за моите безброј прашања.

Беше дел од тимот Mad Pancakes кој освои 3 награди на Global Game Jam, што претставува за тебе ова искуство?

Учеството на GGJ ќе го паметам по тоа што секогаш ќе ми претставува пример дека со доволно волја, труд и организираност, еден тим може да постигне одличен резултат и да се чувствува успешно и исполнето. Целиот настан ги става на тест многу од твоите способности во тие неколку дена, меѓутоа во целина е прилично забавно искуство и би препорачала на секој да учествува барем еднаш.

Како би го опишалa процесот од студент до вработен?

Процес кој што бара посветеност, но и голема мера на флексибилност и комуникација – особено со луѓето кои работат на нешто со тебе. Колку и да е големо, успехот не лежи само во знаењето. Неверојатна улога игра и тоа како ти пристапуваш кон задача или проект што треба да го изработиш, како работиш сам, и како работиш во тим.

Порака до нашите идни студенти и твои идни колеги?

Секогаш нека бидат отворени за можноста да пробаат нешто ново, дури и ако на прв поглед изгледа надвор од нивниот дофат. Нема простор за страв од грешки бидејќи тие ќе се случуваат без разлика дали веќе имаш знаење или почнуваш од нула. Важно е да си дозволат себеси да научат.

Резервирајте во вашето место уписите за Акаемијата за Гејм Дизајн се во тек.

Запознај ги нашите студенти

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

  Кој е Марко Џамтоски? Јас сум Марко Џамтоски, љубител на фитнес и програмирање, и вистински се стремам кон одржување на здрав начин на живот. За мене, фитнесот не е само место за вежбање - тоа е  активност каде што се предизвикувам физички и ментално, постојано...

Успешна Приказна – Афродита Беле

Успешна Приказна – Афродита Беле

Интро за Афродита Ако погледнам наназад, Афродита денес е се она за кое таа фантазираше. Се што некогаш беше само сон, денес го живее. Работам за британска букинг агенција - Agni Travel која поседува луксузни приватни вили на атрактивни локации низ цела Европа....

Успешна Приказна- Борче Борисовски

Успешна Приказна- Борче Борисовски

Запознајте го Борче Борисовски, алумни студент од академијата за програмирање кој е дел од тимот на Сивус како Front-end developer и воедно го споделува стекнатото знаење и искуство со новите групи во улога на ментор. Прочитајте го целосното интервју!   1.Кој...