Запознајте ја Тамара нашиот алумни студент од Академијата за Програмирање, која по завршувањето на академијата се стекна со можност за пракса токму во Seavus. За нејзиното искуство од академијата и праксата прочитајте подолу .

За почеток, која е Тамара?

Здраво, јас сум Тамара Краљевска, Web Developer во Seavus. Личност која полека но сигурно чекори кон својот пат до врвот.

Што те привлече да започнеш кариера како програмер?

Главната причина поради која се одлучив за оваа кариера, беше моќта на програмирањето. Логиката којашто е најважна за да комуницираш со компјутерот, а потоа динамиката и флексибилноста. Програмерот е креатор на универзуми за кои само тој е законодавец. Ниту еден драматург, император, или пак режисер, колку и да е моќен, никогаш не применил таков апсолутен авторитет да организира сцена или поле за да командува со таква совесност.

Постојат многу академии за програмирање, зошто одлуката беше СЕДЦ?

Знаев за оваа академија уште многу одамна и не се ни сомневав дека таа ќе биде мојот избор. SEDC за мене беше предизвик кој ме одведе до патот на развојот. Енергијата во оваа Академија е позитивна, часовите се креативни, знаењето огромно.

Во моментов си на пракса во Seavus, што за тебе претставува оваа можност?

Во моментов на пракса во Seavus имам можност да работам со навистина искусни програмери. Оваа можност за мене претставува само поголема желба за кодирање, правење на разни проекти и креативност. Здодевноста не може да биде присутна никогаш. Секој ден го користам својот максимум, и очекувам дека крајот на оваа пракса, ќе биде почеток на добра кариера.

Дали работните обврски се поклопуваат со тоа што го научи на академија?

Апсолутно. Квалитетноста на менторите ми обезбеди максимално подготовка.

Совет до идните студенти на академијата?

Никогаш не е доцна да започнете со оваа кариера. Единствено што е потребно е максимална посветеност и концентрација. Секој час да го следите како да е последен, бидејќи успехот е директен резултат од тоа колку сте се потрудиле да бидете најдобри. Патот секако дека е долг, но секој долг пат започнува со чекорот  број 1.

Испишете ја и вие вашата успешна приказна како програмер.

Уписите за Академијата за Програмирање се во тек.

Запознај ги нашите студенти

Успешна приказна – Роза Добринова

Успешна приказна – Роза Добринова

Која е Роза Добринова? Јас сум Добринова Роза, алумни студент од клупите на Qinshift Academy. По успешно завршена академска година добив можност да станам дел од менторскиот тим на Qinshift Academy како асистент на академијата за програмирање и воедно работам како...

Успешна приказна – Славе Ивановски

Успешна приказна – Славе Ивановски

Кој е Славе Ивановски? Јас сум Славе Ивановски, имам 20 години и доаѓам од Скопје. Пред извесно време ја завршив академијата за програмирање во Qinshift Academy и сум моментално студент на ФИНКИ. По завршување на средно образование во гимназијата “Јосип Броз-Тито”,...

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

  Кој е Марко Џамтоски? Јас сум Марко Џамтоски, љубител на фитнес и програмирање, и вистински се стремам кон одржување на здрав начин на живот. За мене, фитнесот не е само место за вежбање - тоа е  активност каде што се предизвикувам физички и ментално, постојано...