Pearson Vue

Pearson Vue

Преглед на Pearson VUE

Pearson VUE секоја година испорачува милиони high-stakes тестови низ целиот свет за клиенти од сферата на лиценцирањето, сертификацијата, академските приеми, регулаторните и владините пазари за тестирање. Истиот може да се пофали со водечка мрежа на центри за тестирање во светот, со над 5.100 центри за тестирање во 175 земји, од кои 400 се во целосна сопственост и управувани од  професионалните центри на Pearson. Професионалните центри на Pearson користат патентиран дизајн, кој е создаден специјално за high-stakes тестирање и нуди внимателно контролирана и конзистентна средина за тестирање.

ОПИС/ВОВЕД

Pearson VUE е дел од Pearson PLC, корпорација проценета на 9 милијарди долари, која претставува најголема комерцијална компанија за тестирање и едукативен издавач во светот. Седиштето на Pearson VUE се наоѓа во предградието на Минеаполис, Минесота, со регионални канцеларии во САД, Обединетото Кралство, Дубаи, Австралија, Индија, Јапонија и Кина.

Секоја година милиони луѓе низ целиот свет полагаат испит со Pearson VUE. Постојат шанси дека Вие, или некој што го знаете, неодамна сте се тестирале со нас. Вашиот сосед, компјутерскиот програмер… медицинската сестра на татко ти, одделенскиот наставник, агентот за недвижен имот или дипломецот кој сака да се запише во училиште за бизнис… сите го демонстрираат сопственото знаење, вештина и посветеност кога се тестираат со Pearson VUE.

Повеќе од 450 сертификатори низ целиот свет го избираат Pearson VUE за да помогнат во развојот, управувањето, испораката и растот на нивните програми за тестирање. Од онлајн тестови за вежбање до high-stakes испити, прокторирани испити кои изискуваат најсигурни средини за тестирање во индустријата, Pearson VUE е лидер во компјутерското тестирање – и многу повеќе од тоа.

Центри за тестирање

Pearson VUE овластените центри за тестирање (PVTC) обезбедуваат теренско тестирање по барање, за сертификација и избираат професионални испити за лиценцирање. Сите центри нудат флексибилност во изборот на моделот на тестирање  кој е совршен за Вас. Без разлика дали Ви треба специјална училница за тестирање, училница која се користи за обука или мобилна единица која би сакале да ја користите за тестирање, PVTC го имаат решението за Вас.