STUDENT PORTFOLIOS

Students portfolio 2016 - 2017 - Prometric

Преглед на Prometric

Prometric е доверлив снабдувач за развој и испорака на над 350 организации ширум светот. Во нивно име, Prometric на годишно ниво безбедно испорачува во просек 9 милиони испити на луѓе кои сакаат да си го подобрат живот. Без разлика дали ќе ја постигнат целта преку започнување на нова кариера, понатамошно развивање на своите вештини со цел подобрување на постојната, придодавање на нивните квалификации за унапредување, полагање на приемни испити или едноставно за професионален развој, луѓето кои полагаат тестови сакаат да добијат безбедно, практично и безконфликтно искуство. Prometric служи како придружник на индустријата, овозможувајќи им на луѓето легитимно да се стекнат со квалификациите кои сакаат да ги постигнат и како резултат на тоа гарантира фер тестирање за сите оние кои поминуваат низ нашите врати.

Децениската експертиза на Prometric  во развојот и испораката на тестови им помага на организациите да креираат и доставуваат испитни програми кои точно ги мерат вештините, знаењата и способностите што им се потребни за мерење. Prometric е сигурен партнер кој тесно соработува со своите клиенти за да помогне во одредувањето на нивните бизнис потреби, како и да ги идентификува целите на нивните програми за тестирање. Истите обезбедуваат вистинска мешавина од експертиза, насоки, спроведување и услуги на клиентите и можат да работат кон прилагодување на единствено решение кое одговара на вашите специфични потреби.

ВОВЕД/ОПИС 

Prometric е целосна подружница на Сервисот за образовни тестирања (ETS) и доверлив добавувач на технолошки решенија за тестирање и проценка. Нивното повеќе од 20-годишно искуство во обезбедувањето на вистинскиот развој на тестовите и решенија за испорака на тестовите на најпознатите светски организации, им овозможи на милиони луѓе ширум светот да напредуваат во своите кариери, да заработат повеќе пари или да се усовршат себеси на професионален план.

Тест центри

Авторизираните центри за тестирање Prometric® (APTC) обезбедуваат теренско тестирање по барање, за сертификација и избираат професионални испити за лиценцирање. Сите центри нудат флексибилност во изборот на кој модел на тестирање е совршен за вас. Без разлика дали Ви треба специјална училница за тестирање, училница која се користи за обука или мобилна единица која би сакале да ја користите за тестирање, APTC го имаат решението за вас.