08 November 2021

The future of Digital Marketing – Davor Petrovikj

Најновата Академија на СЕДЦ односно Академијата за Дигитален Маркетинг започна пред извесен период а првиот модул беше оној во кој студентите се запознаа со Дигиталниот Маркетинг како гранка, негова историја и многу повеќе.
Овие 2 недели беа исполнети со доста практични вежби како и домашни задачи за кои ќе ни раскаже студентот Давор Петровиќ.

Здраво Давор. Студент си на Академијата за Дигитален Маркетинг која започна неодамна. Какво е твоето досегашно искуство?

Очекувам добри резултати од оваа академија затоа што се опфатени различни теми и аспекти на маркетингот во кои сакам повеќе да се продлабочам и фокусирам. Учењето преку интеракција со останатите членови од групата и споделување на мислења според мене се секогаш поефективни од еднонасочното самостојно учење. 

До сега имаше прилика да работиш самостојно и во тим. Со какви предизвици се справи и кој принцип на работа ти одговара повеќе?

Не сите можат да работат во тим или самостојно, но во тимската работа размислуваат повеќе глави, а не само една. Мислам дека со тимска работа се постигнуваат подобри резултати и поефикасно се решаваат предизвиците кои ни се дадени, се додека тимот е синхронизиран и се разбира меѓу себе.

Во моментов го слушате модулот за органскиот дел на социјалните медиуми, како се справуваш со предизвиците од истиот?

Со оглед на тоа што трошиме по неколку часа на соцјални мрежи дневно или неделно можам да кажам дека тие се едни од повлијателните канали за маркетинг, токму заради тоа што се оддалечени на само еден клик од нас.

Кој е модулот што со нетрпение го чекаш да започне и зошто?

Search Engine Optimization е модулот кој што со нетрпение го чекам. Сметам дека е многу моќна алатка кога станува збор за веб страни и дигитален маркетинг, која ни овозможува нашата веб страна да биде прва при google search, а тоа е меѓу најбитните работи доколку сакаме да привлечеме корисници кои ќе ја посетуваат нашата веб страна.