Тоа што не прави најгорди и всушност целта на нашите академии се успешните приказни на нашите студенти. Од Академијата за Дигитален Маркетинг ви го претставуваме Трајче Галевски кој наученото го применува за Групер. За можностите и динамичноста на Дигиталниот Маркетинг тој ни раскажува во интервјуто подолу.

Здраво Трајче, кои се трите карактеристики кои те опишуваат?

Упорен, истраен и креативен.

Што значи за тебе да се биде “Дигитален Маркетер”?

Да се биде дигитален маркетер значи да се биде креативен, емпатичен и спремен за учење на нови работи секој ден, бидејќи Дигиталниот Маркетинг е жива материја која се менува секој ден, секој час.
Од дете креативноста ми била јака страна. Фотографирам, снимам, едитирам. Магистрирав маркетинг. Реално гледано светот се дигитализира па така сакав да се усовршам во мојата струка. Дигиталниот маркетинг без фотографија и видео е ништо, а јас ги имам трите(хаха).

Кога прв пат дојде до идејата за Академијата за Дигитален Маркеинг и зошто СЕДЦ?

Затоа што во Македонија ако некој има традиција и искуство во технологијата и дигиталниот свет, тоа е СЕДЦ.

Пред скоро една година ја започна својата кариера во оваа струка, кажи ни нешто повеќе за твојата работна позиција?

Моментално сум дигитален маркетер и видео дизајнер во Групер. Social Media делот, од постирање до пуштање Facebook реклами го работам јас, исто така и видео рекламите. Пишување на сценарио, снимање, монтирање и едитирање.

Што превземаш за да се надоградуваш, знаејќи дека секојдневно имаме новости на платформите?

Читам, многу читам и следам трендови. Како што реков претходно, Дигиталниот Маркетинг е жива материја. Некои трендови ги следиме, некои ние ги креираме, па да оставиме и ние некој белег низ смеа ни кажа Трајче.

Како би ги мотивирал идните студени кои скаат да се запишат на Академијата за Дигитален Маркетинг?

Ако навистина го сакаат Дигиталниот Маркетинг без размислување да се запишат на академијата. Мене навистина ми помогна да се усовршам, затоа што имав професори кои несебично го споделуваат своето знаење и се генијалци во својата област.

Доколку сакате започнете динамична кариера каде што преовладува креативноста Академијата за Дигитален Маркетинг е вистинското место за вас.

Пријавете се, и започнете кариера како Дигитален Маркетер.

Запознај ги нашите студенти

Успешна приказна – Роза Добринова

Успешна приказна – Роза Добринова

Која е Роза Добринова? Јас сум Добринова Роза, алумни студент од клупите на Qinshift Academy. По успешно завршена академска година добив можност да станам дел од менторскиот тим на Qinshift Academy како асистент на академијата за програмирање и воедно работам како...

Успешна приказна – Славе Ивановски

Успешна приказна – Славе Ивановски

Кој е Славе Ивановски? Јас сум Славе Ивановски, имам 20 години и доаѓам од Скопје. Пред извесно време ја завршив академијата за програмирање во Qinshift Academy и сум моментално студент на ФИНКИ. По завршување на средно образование во гимназијата “Јосип Броз-Тито”,...

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

  Кој е Марко Џамтоски? Јас сум Марко Џамтоски, љубител на фитнес и програмирање, и вистински се стремам кон одржување на здрав начин на живот. За мене, фитнесот не е само место за вежбање - тоа е  активност каде што се предизвикувам физички и ментално, постојано...