Кој е Славе Ивановски?

Јас сум Славе Ивановски, имам 20 години и доаѓам од Скопје. Пред извесно време ја завршив академијата за програмирање во Qinshift Academy и сум моментално студент на ФИНКИ. По завршување на средно образование во гимназијата “Јосип Броз-Тито”, веднаш се запишав на академијата. Слободното време го користам за учење на нови вештини во ИТ индустријата.

Како ја започна твојата кариера и каде работиш денес?

Мојата кариера како програмер, ја започнав веднаш по завршувањето на академијата и моментално работам како Salesforce developer во Киншифт, а воедно сум и асистент на академијата за програмирање.

За што те подготви академијата за програмирање?

Академијата за програмирање ме подготви за голем дел од предизвиците со кои се среќавам секојдневно на работното место. Исто така ми ја разви логиката и ми ги подобри моите problem solving skills.

Колку време посветуваш на учење и истражување?

Надоградувањето и зголемување на знаењето во ИТ индустријата е за мене најважно.

Посветувам повеќе од 10 часа неделно на нешто ново или пак на усовршување на нешто кое веќе го знам.

Никогаш не е доволно и не пречи повеќе знаење.

Раскажи ни повеќе за проектите на академијата за програмирање.

Проектите на академијата беа врвни. По завршување на секој модул имавме мали проекти(workshops), а исто така добивме можност да работиме на реален проект. Работата на проектите беше одлично реализирана од академијата, и посветеноста на менторите беше клучна. Мене лично тие проекти многу ми помогнаа, ме научија на работа во тим и сложност.

Каков совет би им дал на оние кои сакаат да се запишат на оваа академија?

Топло би им препорачал да се запишат на академијата за програмирање, и гарантирам дека тоа би било најдобрата инвестиција која би можеле да ја направат. Посветеноста на учењето да ви биде на прво место, заинтересирајте се да научите повеќе како и на академијата така и во слободното време. Домашните задачи се многу важни и од нив најмногу се учи. Трудот кој ќе го вложите тие 12 месеци ќе се исплати.

Ви посакувам многу среќа и успех понатаму.

Запознај ги нашите студенти

Успешна приказна – Роза Добринова

Успешна приказна – Роза Добринова

Која е Роза Добринова? Јас сум Добринова Роза, алумни студент од клупите на Qinshift Academy. По успешно завршена академска година добив можност да станам дел од менторскиот тим на Qinshift Academy како асистент на академијата за програмирање и воедно работам како...

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

  Кој е Марко Џамтоски? Јас сум Марко Џамтоски, љубител на фитнес и програмирање, и вистински се стремам кон одржување на здрав начин на живот. За мене, фитнесот не е само место за вежбање - тоа е  активност каде што се предизвикувам физички и ментално, постојано...

Успешна Приказна – Афродита Беле

Успешна Приказна – Афродита Беле

Интро за Афродита Ако погледнам наназад, Афродита денес е се она за кое таа фантазираше. Се што некогаш беше само сон, денес го живее. Работам за британска букинг агенција - Agni Travel која поседува луксузни приватни вили на атрактивни локации низ цела Европа....