По успешното завршување на Академијата, Сенад ја искористи можноста за пракса во СЕДЦ.
Сите студенти добиваат можност за пракса во СЕДЦ по завршувањето на Академијата, бидејќи тоа претставува уште еден реален проект во кој што можат да го применат своето знаење стекнато за време на Академијата.
Прочитајте ја успешната приказна на Сенад за своето искуство на Академијата CloudOps.

За почеток да те запознаат нашите читатели, кој е Сенад?

Сенад е библиофил, дипломиран електро инженер во областа на компјутерски науки, кој работи како професор во средно училиште и е вечен заљубеник во техничките науки.

Се одлучи за до-усовршување на твојата професија, зошто твојот избор беше СЕДЦ?

Мојот избор за СЕДЦ беше производ на повеќе месечно истражување, се со цел да бидам сигурен дека ќе ги добијам соодветните информации и знаења поврзани со Cloud Ops во целина.

Што би истакнал од Cloud Ops Академијата?

Cloud Ops Академијата ми пружи сеопфатен дијапазон врзан за компјутерските мрежи CISCO, Windows Server, Microsoft Azure, како и многуте елементи врзани за Cyber Security.

Со какви предизвици се соочи на Академијата?

Моите предизвици на Академијата првенствено беа поврзани со усогласеноста на моите работни обврски и со редовното следење на наставата. Одличната координација со менторите ми помогна успешно да се справам со сите задачи.

Во моментов си на пракса во СЕДЦ, какво е твоето досегашно искуство?

Искуството кое го имам на праксата е мошне позитивно бидејќи работиме на реални проекти, го применуваме веќе наученото од Академијата, како и нови работи кои ги знаевме како теоретски концепти ги преточуваме во реална работа.

Порака до сите идни студенти?

На секој иден студент би му ја препорачал оваа Академија. Cloud Ops Академијата во СЕДЦ ги содржи сите потребни елементи за да станете експерт во компјутерски мрежи. Тоа се пред се Менторите, практичните вежби, како и работата на реални проекти.

Испишете ја и вие вашата успешна приказна, уписите за Академијата за Компјутерски Мрежи и ИТ операции се во тек.

Запознај ги нашите студенти

Успешна приказна – Роза Добринова

Успешна приказна – Роза Добринова

Која е Роза Добринова? Јас сум Добринова Роза, алумни студент од клупите на Qinshift Academy. По успешно завршена академска година добив можност да станам дел од менторскиот тим на Qinshift Academy како асистент на академијата за програмирање и воедно работам како...

Успешна приказна – Славе Ивановски

Успешна приказна – Славе Ивановски

Кој е Славе Ивановски? Јас сум Славе Ивановски, имам 20 години и доаѓам од Скопје. Пред извесно време ја завршив академијата за програмирање во Qinshift Academy и сум моментално студент на ФИНКИ. По завршување на средно образование во гимназијата “Јосип Броз-Тито”,...

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

  Кој е Марко Џамтоски? Јас сум Марко Џамтоски, љубител на фитнес и програмирање, и вистински се стремам кон одржување на здрав начин на живот. За мене, фитнесот не е само место за вежбање - тоа е  активност каде што се предизвикувам физички и ментално, постојано...