24 September 2021

Соработка со СЕДЦ значително ни го олеснува процесот на избор на идните кандидати за работа

Да ги запознаеме читателите, кои се Вертиго?

Вертиго е продукциско студио од Македонија основано во 2005 година. Нашиот тим се состои од 60 високо квалификувани артисти кои ги води страст за она што го работиме и стремеж да ги поместуваат границите на она што може да се изведе.
Влечејќи корени од студио за анимација и визуелни ефекти, Вертиго се шири и развива и така денес опфаќа цел спектар на многубројни продукциски и пост-продукциски услуги. Студиото се смета за предводник во поглед иновација и креативност, а она што го води е страста кон успехот при секој проект.

Што ве издвојува од другите компании?

Прераснавме во водечка компанија за визуелни ефекти. Наша предност е што сме едно од најдобрите студија кога станува збор за matchmove и rotomation што се едни од посложените техники во делот на визуелни ефекти (VFX).
Нашата работа говори многу повеќе за нас. Во последните 15 години, бевме дел од некои од најголемите блокбастери на нашето време, што е од особена важност за нас како компанија и за квалитетниот кадар на кој сме особено горди.

Колку соработката со СЕДЦ придонесува за вашиот напредок?

За нас како фирма која секојдневно се соочува со нови предизвици и постојано се стреми кон зголемување на продуктивноста и ефикасноста во работењето, од големо значење е проширување на тимот со квалитетен и стручен кадар.
Соработка со СЕДЦ значително ни го олеснува процесот на избор на идните кандидати за работа. Пред сè бидејќи кандидатите кои доаѓаат на пракса во Вертиго се силно мотивирани со желба за учење и напредување.
Вертиго им овозможува на студентите од академијата да стекнат практични знаења од областа на визуелни ефекти и 3D анимација, како и вештини, искуство и алатки за справување со најсложените предизвици.

Досега имате вработено голем број студенти од нашата Академија, колку сте задоволни од нивната работа?

Досегашната соработка со Академијата се покажа како доста успешна со оглед на тоа дека многу од студентите кои ја посетуваа праксата сега се дел од професионалниот тим на Вертиго.

Ваша препорака за идните студенти на Академијата за 3D и Game Design?

Би ги охрабриле сите кои имаат желба и пасија за оваа област да го започнат своето образование во СЕДЦ академијата. Вертиго како поддржувач на академијата е подготвен да обезбеди практично образование, а со самото тоа ќе им овозможи на студентите можност за професионален развој во ова поле.