06 October 2021

Вложениот труд на студентите е секогаш награден

Весна, која е динамиката на раст на СЕДЦ низ годините?

Растот на СЕДЦ од основањето до денес е очекуван, континуиран но и внимателно контролириран со цел одржување на високите стандарди за квалитет кои цврсто ги поставувме на самиот почеток. Од основањето до денес, низ нашите програми поминаа повеќе од 6000 индивидуални корисници, но наши клиенти се и многу домашни и странски компании, организации и институции. Развојот и во иднина подеднакво ќе се фокусира на креирање нови продукти но и освојување нови пазари.

Гордана, како COO на СЕДЦ, колку е тешко да се координира операциите на Академиите?

После трансферот во онлајн настава на 16 групи со вкупно 380 возрасни слушатели и 6 групи со околу 80 деца во рок од една недела, во услови на глобална паника и неизвесност, веќе секој оперативен предизвик изгледа нормален и до некаде тривијален. Сега сме соочени со нов предизвик, да се вратиме во безбедни услови во училница, но, сепак да го задржиме онлајн моделот за некои академии, во потполност или само за слушатели кои се од други градови/држави.

Тимот на СЕДЦ во изминативе две години еволуираше во поглед на темелно планирање, брза реакција, воведување на нови алатки и методолошки пристап што онлајн наставата ја направи комплетно двонасочна во поглед на интракција и ангажираност на студентите, што периодов ни беше примарна цел.

 Која Академија бара најголем оперативен engagement?

Гордана: Обично тоа се академиите со најголем број на слушатели, каде правиме избалансирани групи во поглед на предзнаењето, возраста и изборот на соодветен менторски тим, како и детските групи каде сме особено внимателни во поглед на структурата на групата, апликациите кои се користат, нагледните сретства и динамиката на настава.

Речиси во сите академии, во најголем процент од времето наставниот процес е подеднакво поделен на теоретски и практичен дел, кој зависно од типот на академијата бара одредени специфични подготовки, дали е тоа конфигурација на опрема, обезбедување на соодветни лабораториски вежби, посета на печатница, работа во атеље, средба со клиенти при задавање на проектни активности, и многу други активности кои го подржуваат наставниот процес.

Како се избираат тренерите и асистентите во СЕДЦ?

Весна: Сложениот процес на едукација е многу повеќе од бизнис во кој главна движечка сила е наставниот кадар, односно тренерите и асистентите за кои често велиме дека се нашиот адут и главна компетитивна вредност. Но да се биде наш тренер е и огромна привилегија и одговорност и затоа изборот не се заснова само на компетенциите и вештините кои се несомнено важни, туку многу повеќе на вредностите и културата, на заедничката мисија несебично да ги споделиме знаењето и најактуелните предизвици од ИТ индустријата и уште поважно да дадеме, да помогнеме, да охрабриме, да промениме нечиј живот. Затоа, само големи професионалци и уште поголеми “луѓе” можат да бидат дел од нашиот тим.

Гордана: Да се надополнам на Весна јас би додадала дека вообичаена пракса е лид тренерот за студентски прогрес, на крај на акдемската година да регрутира асистенти за наредната, од групата на најдобрите студенти. Кога велам најдобри, мислам на постигнат успех во неколку мерливи категории како проактвивност, успешност во решавање на домашни задачи, резулати од испити, ангажман на проектни активности, редовност и севкупно поведение во текот на академијата.

Од нив, тие што имаат афинитет кон предавање и пренесување на своето знаење, поминуваат интерен процес на обука за тренери, преку кој се запознаваат со наставната методологијата но и со најдобрата пракса и решенија, стекнати и усвоени во изминатите години преку активна работа со студентите.

Повеќето од асистентите, во текот на академската година добиваат понуда за работа во Сеавус, а некои од нив остануваат само со ангажманот на Академијата напредувајќи во котренери, тренери или лид тренери.

Позади себе имате голема алумни база, но како избравте кои од нив ќе станат дел од тимот на СЕДЦ?

Весна: Како и во претходното прашање и тука, акцентот го ставам на менталитетот, вредностите и културата што со себе ја носи еден тим. Ние во СЕДЦ сме различни, но по многу нешта едногласни и единствени. Како клиент –  кај нас ќе сретнете насмеани лица, полни со разбирање, професионалност, посветеност и солидарност. Како колега – ќе си имате работа со големи умови, енергични креативци, визионери, тимски играчи, принципиелни и доследни ентузијасти кои едноставно не се откажуваат лесно.  Секогаш кога ќе препознаеме некој со овие карактеристики, се трудиме да не го пропуштиме.

Гордана: Тука јас би додала дека изборот е секогаш тежок, не фаворизираме никого, сите имаат подеднакви шанси да ни се придружат во тимот. Критериумот е ист, и градење на тој висок критериум е нешто што од првиот академски час им го повторуваме на студентите дека треба да им биде водилка и насока за професионален развој. Нови колеги од годинава ни се лански студенти од Академијата за Графички дизајн и Дигитален Маркетинг, колешката влезе во СЕДЦ со импозантно портфолио вредно сработено во текот на цела академска година, а колегата беше дел од победничкиот тим на тродневниот хакатон за дигитален маркетинг. Години наназад, сите студенти од Академијата за компјутерски мрежи работат како практиканти во СЕДЦ уште во текот на студиите, а минатата и оваа година, околу 50% од нив после праксата во СЕДЦ се вработуваат  во Сеавус.

За крај, Препорака до сите кои сакаат да запливаат во водите на IT светот.

Убавината на IT е во тоа што колку што е денес сеприсутна и неопходна, толку е и широка со избор и можности за сите, па дури и оние кои никогаш не се замислувале во ИТ. Оттука, мојата порака е ако сакате  “Кариера широка колку вашата имагинација” размислете за ИТ