Менуваме животи, ја дизајнираме иднината

Ние сме СЕДЦ, а ова е нашата приказна

Историја на СЕДЦ

Сеавус едукативен и развоен центар (СЕДЦ) е приватна компанија основана во септември 2010 година како дел од Seavus Групацијата и претставува специјализиран центар за обука и едукација на кадар во областите на програмирање, дизајн, компјутерски мрежи, тестирање на софтвер, дигитален маркетинг и наука за податоци.

Нашето богато портфолио на образовни програми опфаќа организирање и реалаизција на годишни академии наменети за деца, млади и возрасни, специјализирани обуки за вработени и кратки обуки за поединци

Зошто постоиме?

Тука сме за да го овозможиме најдоброто за вас преку едукативна програма која ги следи светските трендови, одговарајќи на зголемената побарувачка на професионалци во ИТ и дизајнерската индустрија.

Од 2018 година СЕДЦ е најголема академија за информатичка технологија и дизајн во Македонија која ја добива довербата на повеќе од 400 студенти годишно. Во 2019 година во рамките на едукативниот центар основавме еден од трите акселератори поддржани од Фондот за иновации и технолошки развој, кој има за цел да го стимулира претприемништвото во Македонија, преку поддршка и инвестирање во нови стартап бизниси.

Што нé издвојува од останатите

  • суштината на работењето на СЕДЦ е квалитет пред квантитет
  • едукативна заедница со над 20 000 студенти
  • 11 години нудиме доверба и квалитет
  • искусен менторски тим посветен на својата работа
  • меѓународно сертифицарани обуки и академии
  • едукативни програми кои секоја година се адаптираат согласно најновите ИТ трендови
  • поддршка за понатамошен кариерен развој на секој студент
  • образование кое овозможува вработување во краток рок
  • единствена едукативна институција која нуди образование за сите возрасти

Нашите овластувања и сертификати

Сеавус Едукативниот и Развоен Центар има повеќегодишни партнерски договори со најголемите компании за ИТ образование во светот. Обуките кои ги обезбедуваме постојано се подобруваат и развиваат, како што тоа го налага развојот на технологијата. Квалитетот е на највисоко ниво, кое се проверува преку светските центри за тестирање. Поради тоа нашите сертификати овозможуваат кариера признаена секаде во светот.

МИСИЈА

  • Квалификација и преквалификација на млади и возрасни кои сакаат да започнат кариера во најпопуларните професии во ИТ и дизајнерската индустрија;
  • Едукација на деца со цел да се запознаат со технологијата и дизајнот;
  • Специјализирање на вработени во одредени деловни сектори;
  • Поттикнување и развој на претприемништвото преку инвестициска поддршка за стартап бизниси.

ВИЗИЈА

Нашата визија е да создадеме нов, модерен образовен систем, кој ќе ги едуцира најдобрите кадри за технологија и дизајн и ќе ја зајакне балканската стартап сцена преку инвестиции и развој во нови иновативни бизниси.

Информирајте се први за сите новости, понуди и попусти кои се нудат во СЕДЦ

Адреса

11 Октомври 33A, 1000 Скопје

Телефон

+389 (0)2 3097 404 (08:30 – 16:30, пон-пет)

Е-маил

sedc@seavus.com

СЛЕДЕТЕ НЕ