08 October 2021

Завршни проекти од генерацијата 2020/21 на Академија за Web Design

Чест ни е да ве запознаеме со нашите студенти од Академијата за Веб дизајн кои во текот на едногодишните студии своето знаење го преточија во изработка на реални проекти.
Повеќе за тоа кои се клиентите и како изгледа финалната верзија од нивните прекрасни проекти ќе можете погледнете подоле во овој блог пост.

Крводарител Скопје

Страната на „Здружение на крводарители и поддржувачи на крводарителството КРВОДАРИТЕЛ Скопје“ е отворена верзија на групите на Здружението во кои се прават напори да се обезбедат соодветен број на крвни единици за јавните повици за крв. 

За овој клиент задолжен беше првиот тим состоен од Дамјан Дугалиќ, Панде Фармаков, Тамара Миланова, Марија Трчелова.

Погледнете го дизајнот што го изработија тие:

Целосниот дизајн можете да го видите на официјалната веб страна на Крводарител

 

Apple Tree

Apple Tree се занимава со зајакнување на свеста за значењето на жената во општеството, нејзин напредок, охрабрување и нејзино креативно изразување. Развивање на претприемачки вештини, поддршка на можности за бизнис жените ширум светот и зголемување на взаeмна соработка на жените од урбаните и руралните средини за да се намали постоечкиот дискриминирачки јаз меѓу нив.

За овој клиент задолжен беше вториот тим состоен од Магдалена Кировска, Дејан Јовановски, Оливера Хаџи Петрушева, Дамјан Стефановски

 

Погледнете го дизајнот што го изработија тие:

Целосниот дизајн можете да го видите на страната на Apple Tree

Nsight Solutions

Nsightsolutions е мал тим базиран во Македонија, со соработници кои работат во Холандија. Имаат екстензивно и комбинирано искуство во софтверско инженерство, дизајн, поддршка, продажба и маркетинг.

За овој клиент задолжен беше третиот тим состоен од Емилија Дичоска, Горјан Този, Томе Секулов, Мартин Лазаревски. 

Погледнете го дизајнот што го изработија тие: 

Целосниот дизајн можете да го погледнете на официјалната страна на Nsight Solutions

3Г Скај плус

ЗГ „Скај плус“ од Струмица e Центар за заштита на жртви од семејно насилство.
За овој специфичен проект задолжен беше четвртиот тим состоен од Бојан Филиповски, Ангела Наневска, Марио Стојковски, Марко Ребац.

Погледнете го дизајнот што го изработија тие:

Целосниот дизајн можете да го погледнете на страната на 3Г Скај Плус

Data Linking

Дата Линкинг Вештачења има за цел да даде поддршка на клиентите преку анализа на случаи, проверка на законската легислатива, изготвување на стручни наоди со мислење за потребите на судските постапки

За овој клиент задолжен беше петтиот тим состоен од Марина Стојмирова, Марио Ангеловски, Бојана Трајковска, Васко Василов.

Погледнете го дизајнот што го изработија тие:

Целосниот Дизајн можете да го погледнете на официјалната страна на Data Linking

 

Уписите на Академијата за Веб Дизајн се во тек!
Бидете дел од следната генерација успешни Веб Дизајнери во СЕДЦ, резервирајте го вашето место.